• Latest

Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно, крајна цел е намалување на затворската популација

October 4, 2024
Foto: Wikimedia commons

Фон дер Лајен: Подготвени сме да напишеме ново поглавје во односите меѓу ЕУ и Кина

July 8, 2025
Фото: Основно јавно обвинителство

Oтворена првата просторија за сослушување на деца – жртви и сведоци на трговија со луѓе во рамки на Јавното обвинителство

July 8, 2025

Израелскиот план за присилно преместување на населението од Газа „хуманитарен град“ е план за злосторства против човештвото, алармираат адвокати за човекови права и правни експерти

July 8, 2025

ДЗР: Недоволниoт буџет за програми за здравствена заштита и застојoт во капиталните инвестиции влијаат на квалитетот и достапноста на здравствените услуги

July 8, 2025
Фотографија: Ал Џезериа Фејсбук профил

Во Газа, гладот не е катастрофа, туку тактика – хуманитарната помош станува оружје

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
NBC News

Најмалку 11 мртви и стотици уапсени во антивладините протести во Кенија

July 8, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп најави нови тарифи до 40% за сè поголем број земји

July 8, 2025

УНЕСКО: Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на повеќе од 100

July 8, 2025

Извештајот на Вајц денеска на дискусија пред европратениците

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно, крајна цел е намалување на затворската популација

October 4, 2024 12:51
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над 10 илјади евра годишно, во зависност од затвор до затвор. Моментално во државата има 2 400 затвореници и уште толку чекаат да влезат во затворите, изјави директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов.


Намалувањето на затворската популација, посочи Пандов, може да се направи на три начини – преку условен отпус, електронски надзор и подобра ресоцијализација на осудениците, затоа што 60 проценти се повратници.

– За жал, Македонија досега требаше да има комплетен нов и супер современ затвор  затвор во Идризово, но освен фаза еден не е направено ништо. За жал, изградена е само првата фаза на затворот Идризово и тоа во време на минатото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, до 2023 година требало и втората фаза да биде завршена. Не е. Не е направено ништо по тоа прашање, пари има. Тој заем е направен уште во 2010-2011 година, меѓутоа за жал парите коишто се сега обезбедени ни се под мораториум затоа што од главната крунска организација која што прави контрола на затворите ЦИПИТИ односно Организацијата за превенција и борба против тортура, еве следната недела треба од 7 до 10-ти да присуствува да направи повторно контрола на македонските затвори и јас се надевам искрено дека во овие три минати месеци колку што не само јас туку и новите директори на македонските затвори успеавме да ги подобриме колку толку работите дека ќе бидат одмрзнати тие средства и веќе следната година со Господ напред дека ќе започне втората фаза, а со самото тоа ќе се отворат, изјави Пандов.

Околу 400 лица моментално имаат А-третман и тие, според Пандов, веќе користат отсуство и работен ангажман.

-Точната статистика во моментов ја немам, меѓутоа ги има голем број да речеме, ако гледаме третмански во затворите во моментов има околу 400 затвореници кои се со А третман, што ќе рече одреден дел од нив над стотина излегуваат секојдневно по 7 или 8 часа од сабајле зависи каков им е работниот договор до 16 до 17 часот попладне. Ако тие веќе така можат да излегуваат и да ги повторуваат своите кривични дела зошто не направиме да тие луѓе едноставно ги „ослободиме“ – имаат условен прекин на нивната казна…Секако кога би се изрекувале условни прекини, кога би се изрекувале и тоа ќе зборуваме околу алките оние коишто веќе 10 години се чекаа да бидат ставени во функција, јас сум оптимист дека ако не до крајот на годината, на самиот почеток на следната година ќе бидат ставени во функција, да бидат изрекувани такви казни и тие луѓе во домашни услови да си ги одлежат нивните казни, изјави Пандов.

Паднов, меѓудругото, посочи дека ќе имаме и целосно ново притворско одделение за 400 лица во Идризово.

-Ние ќе имаме супер нов притвор во самиот затвор Идризово, и главен – централен притвор во Македонија би бил во Идризово со над 400 кревети капацитет и би имале современ затворен дел кај што се најтешките казни каде што лежат затворениците над 10-15 години, односно и доживотно, имаме ние 50 доживотни казни во Македонија и се надевам дека до крајот на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ дека Идризово ќе биде веќе тоа се изградено и дека ќе биде сето тоа ставено во функција, изјави Пандов.

Во земјава моментално околу 50 лица издржуваат доживотни казни.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ