Институтот за медиуми и аналитика ИМА организира панел – дискусија: „Слободата на медиумите наспроти политичките притисоци и пропаганда, дезинформациите и говорот на омраза: Како понатаму?“, која ќе се одржи денеска во хотелот Сити парк во Скопје, со почеток во 12 часот.
Панелисти на оваа дискусија се:
– Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинарите на Македонија
– Драган Антоновски, Генерален директор на Медиумската информативна агенција МИА
– Арта Тахири, уредник на вести во Националната телевизија АЛСАТ
– Атанас Кировски, новинар, поранешен директор и главен уредник на ТВ Телма и дописник на Би-би-си
По излагањата на панелистите е предвидена и дискусија со учесниците и присутните на настанот.