Фестивалот на слободата во организација на ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на човековите права, организира панел дискусија „Пандемија и инфодемија“, на 1 декември, со почеток во 15 часот во хотел Парк Резиденс, Скопје.
Корона вирусот COVID-19, којшто е оквалификуван како глобална пандемија, предизвикува тензија низ целиот свет. Можноста за создавање и дистрибуирање на лажни вести и дезинформации во овој период останува голема. Некои вести во некои случаи се злонамерно пласирани, за да создадат забуна кај граѓан(к)ите.
На панелот како говорници ќе учествуваат Јасна Бачовска, унивезитетска професорка, Елида Зулбеари, уредничка на Порталб, Филип Стојановски од Метаморфозис, Флака Положани, посебен советник за медиуми и радиодифузната дејност при МИОА и Петрит Сарачини, медиумски експерт и член на ЦИВИЛ. Панел дискусијата ќе ја модерира Дехран Муратов.
Дискусијата ќе се организира преку платформата Зум, дел ќе биде и со физичко присуство и ќе трае најмногу 1 час и 20 минути. Панелот ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а содржини од дискусијата ќе се објавуваат потоа и преку другите медиумски платформи на ЦИВИЛ Медиа.
За време на дискусијата, модераторот ќе ги следи реакциите и прашањата на социјалните мрежи, ќе ги пренесува до учесниците во дебатата и ќе ги очекува и вашите размислувања и ставови.
ЦИВИЛ Тим за комуникации