Алтернативните бендови Мариналеда и Срча, ќе одржат концерт на 17 мај, во Ла Кања во Скопје, со почеток од 20 часот.
Мариналеда се пост-панк бенд од Скопје, на алтернативната сцена се веќе 3 години и досега имаат само еден видео спот за нивната песна „Скопје“, и повеќе настапи во МКЦ, Браво Кафе, Агора во Куманово и други. Нивното последно демо издание може да го слушнете тука.
Срча е оформен 2015та година и од самите почетоци се фокусира на авторска музика, под влијание на панк-рок жанрот. После скоро две години од својот прв настап, ќе настапат во променет состав и со зајакнат репертоар.
Влезот за настапот е бесплатен.
А.П.