Благица Димитровска од ИНКЛУЗИВА на својот Фејсбук профил објави дека параваните за гласање на лицата со попреченост се фрлени на земја и не се поставени на избирачките места во ИМ 1063 во поранешно Економско уличиште во Куманово.
„Дали на овој начин се почитуваат изборните права на гласачите со попреченост? Гласачко место 1063 во Куманово, параваните фрлени во ходник“, пишува Димитровска.
Таа ги повика граѓаните да пријавуваат неправилности.












