Надлежната комисија за национална одбрана и надворешни работи на грчкиот Парламент ќе го разгледа протоколот за членство на Македонија во НАТО во четврток, а во петок ќе се гласа во грчкиот Парламент.
За изгласување на протоколот се потребни 151 глас, а поддршка за членство во НАТО се очекува и од пратениците кои гласаа за ратификацијата на Преспанскиот договор.