• Latest

Партијата на премиерот Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ удри по првиот синдикалец Трендафилов оти побара зголемување на платите

March 5, 2025

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Партијата на премиерот Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ удри по првиот синдикалец Трендафилов оти побара зголемување на платите

March 5, 2025 09:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Слободан Трендафилов сега глуми синдикалец, откако глас не пушти за работничките права и раст на платите во времето кога СДС беа на власт. Дали молчењето на Трендафилов и сега глумењето синдикалец загрижен за правата и достоинството на работниците е поради тоа што токму СДС го постави на чело на ССМ?, велат од владеачката партијата ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер е премиерот Христијан Мицкоски.

„Слободан Трендафилов на незаконски и крајно насилен начин, со кршење и изигрување на прописите, е поставен за претседател на ССМ. Трендафилов не можел да биде избран на чело на ССМ, затоа што тој претходно не бил претседател на грански синдикат како што налага Статусот и законите, туку бил секретар.

Нелегалното поставување Трендафилов на чело на ССМ се случи за време на власт на СДС и беше дозволено токму од нив. Целиот тогашен државен систем го одмолчи ова незаконие, со цел на чело на овој синдикат да дојде послушник кој што ќе биде мирен и ќе молчи за време на власт на СДС, а ќе глуми синдикалец кога ќе бидат во опозиција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека ставовите на Трендафилов се идентични како на тие на СДС(М), што човек би помислил дека се координирани во штабот на Бихаќка.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) побара дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари. ССМ бара и за дополнителното зголемување на нето платата од 6.000 денари работодавачите од приватниот сектор една година да бидат ослободени од социјалните придонеси, односно придонесите да ги субвенционира државата, како и дополнителното зголемување на нето платата од 6.000 денари да биде задолжително и за работодавачите од приватниот сектор кои исплаќаат плата и над износот на минималецот.

„Апелирам до Владата и работодавачите да го прифатат предлогот на ССМ, а пратениците, како што беа сложни за нивните патни трошоци, да гласаат за дополнително зголемување на минималната плата за 6 000 денари што ќе значи и дополнително зголемување на сите остантати плати на работниците во Македонија. Ние не правиме упад во даночната политика, напротив. Со тоа што ќе добиеме зголемени плати нема да заминеме во банките за да ги штедиме тие средства што сме ги добиле како зголемување, туку со нив ќе ги купиме основните прехранбени производи кои се даночат со стапка од 5, 10, 15 или 18 отсто и на таков начин“, нагласи Трендафилов.

Зависно каква одлука ќе донесат Владата и работодавачите, ќе зависи и како понатаму ќе делува ССМ.

„Ако некој одлучи да биде безобразен, ќе бидеме двојно безобразни, ако некој одлучи еднострано да ја отфрли иницијативата или предлогот за зачувување на животниот стандард на работниците, еднострано можеме да донесеме одлука за штрајк“, подвлече Трендафилов.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ