Од првата политичка сила во Бугарија, партијата на Слави Трифонов, „Има таков народ“ (ИТН) падна на третото место. Сепак, разликите меѓу Демократска Бугарија, ИТН и БСП се во рамките на статистичка грешка, за бТВ изјави социологот од „Маркет линкс“, Добромир Живков.
Податоците се добиени од последното национално истражување на јавното мнение, финансирано и спроведено заедно од бТВ и „Маркет линкс“, а беше спроведено во периодот од 13 до 22 август.
-ГЕРБ е повторно првата политичка сила во земјата, со добра мобилизација во текот на летните месеци, што донекаде е изненадување. Но, од друга страна, разочарувањето од протестните партии да формираат функционална влада дел од изгубеното јадро повторно го води кон оваа партија, коментира Живков. Довербата во протестните партии континуирано опаѓа од мај. Посуштински тоа повторно е забележливо кај ИТН, додека спротивен е процесот кај таканаречените статус кво партии – ГЕРБ, БСП и ДПС. ГЕРБ останува на истата позиција, но довербата во БСП и ДПС малку се зголемува
Политичката криза во која се наоѓа земјата и неможноста во првите два мандата да се формира редовна влада, значително ги зголемија тензиите во јавноста.
Токму развојот на политичките процеси во последните недели доведе до општ пад и на нивото на доверба во протестните партии, додека т.н. статус кво партиите делумно ги враќаат своите позиции.
Довербата во протестните партии континуирано опаѓа од мај. Посуштински тоа повторно е забележливо кај ИТН, додека спротивен е процесот кај таканаречените статус кво партии – ГЕРБ, БСП и ДПС. ГЕРБ останува на истата позиција, но довербата во БСП и ДПС малку се зголемува.
На прашањето дали ќе гласаат на нови предвремени избори 54 отсто од анкетираните одговориле со „да“,а дефинитивно нема да гласаат само 10 отсто од бугарските гласачи.












