ЗОРАН ИВАНОВ
Мошне агилно, посветено, самопрегорно, идеолошки искристализирано и посебно карактерно одбрано, од ден на ден зајакнува ударната предизборна кадровска игла на ВМРО-ДПМНЕ со партнерското пристапување на човеците партии Стојанче, Петар и Павле, не, вториов нешто баш уште како да не им е по ќеф веројатно судејќи по неговото децениското меѓупартиско шпартање ваму, таму во нему својствениот џони вокер манир па можно е, поради безбедносни гаранции, од штабот прво да му побараат нотарска гаранција за верност, па натаму исто и со Љубе и кој ли уште за прибирање им остана, а да, адвокатот Ванчо и уште некој можеби ќе им тропне на поднаместениот медиумски рејтинг како на пример подзаборавениот дечко партија од Лисиче можеби па натаму Бачки мачки, Солзи молзи и, исто, уште и по некој од докажаните им фанови вгнездени во бугарските клубови на пример, зошто да не, па, дополни – одземи, собери – извади, се’ на се’ плус – минус некаде сите заедно накај извесни двесте, триста гласа плус на мајското изборно конто па, кажано во една реченица, излегува дека партијата што се амбицирала да прави влада, си решила предизборно кадровски да си се подмлади – онака пролетно и баш надежно.
(За Цивил медиа / Пи допрен глас / 26. 3. 2024)