Партиските работни групи, што се формираа по средбата на лидерите Зоран Заев и Христијан Мицкоски, ги почнаа преговорите кои според најавите, ќе бидат долги и за денеска не се очекуваат конкретни резултати.Освен представниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, на средбата ќе присуствува и пратеникот на ДУИ, Артан Груби, кој претходно не беше најавен. Во изјава дадена пред почетокот на средбата, министерката за правда, Рената Дескоска, како пресдавник од СДСМ и домаќинка на средбата изрази надеж дека ќе се постигнат квалитетни решенија според препораките од Европската Унија.
И за првата специјална обвинителка Катица Јанева и за главниот Републички обвинител таа рече дека не можат да одлучат партиите туку Советот ма јавни оббинители. Ова, додаде Дескоска. е и препораката на европската заедница.
Преставникот од ВМРО-ДПМНЕ, адвокатот Тони Менкиновски изјави дека на средбата влегува со забелешки кои според него се исти и на оние од невладиниот сектор, а додаде дека СЈО ќе биде само еден сегмент од преговорите за Законот за обвинителството воопшто.
Претставникот на ДУИ, Артан Груби, рече дека на денешната почетна средба ДУИ е присутен да ги слуше забелешките на опозицијата за решенијата за кои коалициските партии веќе постигнале договор.
А. Зеќири