• Latest

Партизираниот систем ги отфрла школуваните и посветените кадри

April 2, 2018
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Партизираниот систем ги отфрла школуваните и посветените кадри

April 2, 2018 14:42
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

При формирањето на АРМ, Април 1992 година, како и останатите колеги, пристапив кон уредување на објекти и простории и создавање услови за прием на првите војници на АРМ, (свои на своето). Јас сум прв старешина од АРМ што бев упатен на школување во странство, по НАТО стандарди, за командни и штабни должности, во период од 1995 до 1997 година и тоа во втората воена сила по големина во НАТО алијансата, Република Турција.

пишува: Зоран Џамбаски

Исто така, во Република Турција ја завршив и Школата за национална одбрана… Завршив повеќе курсеви од областа на одбраната, меѓу кои и напредниот курс за безбедносни студии во Европски центар за безбедносни студии на САД „ Џорџ Маршал“, во Гармиш Партенкирхен, во Германија. Во својата кариера бев поставуван на командни и раководни должности на сите нивоа до бригада (командант на баталјон, командант на лесна пешадиска бригада, Главен инспектор во Здружена оперативна команда, Заменик на командант на 1. мпбр, Одбранбено аташе на Република Македонија во Република Турција).

Сите должности  ги извршував многу успешно, за што од страна на моите претпоставени бев оценуван со највисоки оценки. Во текот на школувањето и извршувањето на обврските надвор од Република Македонија, истата ја претставував достоинствено, со ангажирање на сите полиња, како на професионален план, така и со учество во социјални активности и на спортски план.

Од почетокот на 2012 година по сите критериуми ги исполнив условите за унапредување во чин бригаден генерал. Одлично зборувам англиски, турски, српски, хрватски, бугарски, а доволно за комуникација се користам и со францускиот јазик.

Зошто го споделувам сево ова со јавноста?

Зошто и како еден од најшколуваните и најискусни полковници во АРМ, школуван по НАТО стандарди, не сум ѝ потребен на АРМ, особено кога Република Македонија веќе е пред вратите на НАТО алијансата и ЕУ, а старешини кои ги немаат истите квалификации, а се со ист и подолг стаж од мене не се пензионирани? Исто така и на старешини кои наполниле 64 години старост, а немаат завршено високи школи и потребни квалификации, им се продолжува работниот однос во МО и АРМ до 67 години.

Одговорот е во тоа што јас, како претседател на комисијата за водење на постапка по иницијативата за одговорност, за непотпишана формација на Команда на резервни сили, во 2016 година, заедно со членовите, ги разгледавме изјавите на сведоците сослушани во иницијативата и утврдивме дека полковник Митко Саралиев нема одговорност и предложивме да се прекине постапката против него, како неоснована.  Со тоа ја повредив суетата на НГШ, самобендисаниот генерал Величковски и следуваше одмазда.

Штом наполнив 55 години, генерал Величковски дал задача да се изготви Решение за престанок на работниот однос и веднаш да бидам пензиониран!?

Решението за престанок на работен однос е донесено врз основа на член 77 од Законот за ПИОМ, кој гласи: На осигуреник од член 11 став (1) точка 2 од овој закон кој има најмалку 25 години пензиски стаж, од кои најмалку 15 години ефективно поминати на работни места за кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење и 55 години живот (маж), односно 50 години живот (жена), ако работниот однос му престане по потреба на службата, може да оствари право на старосна пензија.

Која е потребата на службата да ми престане работниот однос, кога формациското место на кое што бев поставен, не е укинато и до ден денес сѐ уште е непополнето? Зошто не по член 18 од Законот за ПИОМ,  (осигуреникот стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот (маж)) или член 220 од Законот за служба во АРМ, каде што се поповолни условите за пензионирање? Нели, ако има повеќе можности, се земаат поповолните услови?

Толку се брзало со изработка на Решение за престанок на работен однос, што во истото е погрешено и името на мојот родител, па поради тоа се донесува Решение за „исправка на техничка грешка“.

Како заминав во пензија? Цели 25 години стаж завршуваат за 25 секунди!?

Самиот чин на заминување во пензија е нешто посебно што секој вработен со задоволство го чека, му поминал работниот век, тоа е една голема привилегија во денешно време.

Во досегашната пракса, при заминувањето во пензија на работникот, претпоставените и колегите го повикувале и кажувале по некој збор за разделба, ќе го испиеле барем последното работно кафе.

Во мојот случај тоа го немаше, ниту од страна на командантот на КРС, полковник Ќиро Калков, како прв претпоставен, ниту од страна на командантот на ЗОК (Здружена оперативна команда), бригаден генерал Зоран Милески, која е претпоставена команда на КРС.

Телефонски ми беше јавено дека ми е пристигнато Решение за пензија, дојдов од одмор, Решението ми го врачи подофицерот задолжен за персонал, јас потпишав Доставница за прием на истото и тоа е тоа… сѐ на сѐ 25 секунди и – пензија. Јубилејни 25 години од формирањето на АРМ и 25 години служба во истата, за мене завршија за 25 секунди!

Партизираниот систем ме отфрли како непожелен, без да се поведе сметка за тоа кои се моите права, колку можам да придонесам, а уште помалку, без нималку грижа, свест и совест за тоа колку оваа држава инвестирала во мене.

 


Авторот е полковник во пензија.

Share45TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ