• Latest

Патарините со зголемен приход

August 15, 2019

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Патарините со зголемен приход

Сите 10 наплатни станици годинава остваруваат раст во споредба со ланската година.

August 15, 2019 11:42
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавното претпријатие за државни патишта од почетокот на годинава, па заклучно со јули, од наплата на патарина остварило приходи во износ од 1.434.012.792 денари (23,5 милиони евра) или за 3,97 проценти повеќе во однос на истиот период лани.

Сите 10 наплатни станици годинава остваруваат раст во споредба со ланската година, но според остварениот приход предничат патарината Романовце (198.560.050 денари), Сопот (171.585.190 денари) и Отовица (166.035.843  денари), изјавија за МИА од ЈПДП.

Проекциите на ЈПДП се континуирано зголемување на приходите до крајот на годинава, со тоа што, како што велат, 2019 година ќе биде рекордна во остварување на приходи од 32-годишното постоење на наплатните станици.

Во вкупните приходи се вкалкулирани и средствата остварени од продажба на електронските уреди (картички и тагови) и од нивното надополнување. Од пуштањето на електронската наплата на патарина пред еден месец продадени се 6.735 тагови и картички. Од продажба на уреди е остварен приход од 3.206.800 денари, а од надополнување  21.107.315 денари.

Електронското плаќање од минатиот месец е достапно на наплатните станици на Коридорот 10: Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско. – Јавно претпријатие е повеќе од задоволно како функционира новиот систем за елетронска наплата на патарина, доказ за тоа се бројните јавувања на нашиот сервисен број (0800-800-088) од задоволни клиенти кои ја користат електронската наплата, велат од ЈПДП.
Оттаму информираат дека е во тек надградба за прилагодување на системот за електронска наплата на патарина за возила од прва категорија А, односни мотори.

Во наредниот период ќе се градат две нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип и една на автопатот во изградба Кичево-Охрид, а ќе се воспостави електронска наплата и на патарините на Коридорот 8 (Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар).

Во тек е евалуација на понудите за избор на најповолен понудувач на тендерот за изградба на патарините и електронската наплата што беше распишан во јуни годинава е во вредност од 13 милиони евра обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој.

Според плановите, операторот треба да биде избран до октомври, по што во рок од една година треба да бидат изградени патарините и да се воспостави електронската наплата.

Со заемот од ЕБОР се покриваат и трошоците за поставување фотоволтаични панели на настрешниците на наплатните станици.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ