пишува: САФИТ ЗЕЌИРИ
Долг беше патот до успехот на Република Северна Македонија да стане членка на НАТО Алијансата. Соработката со НАТО започна во декември 1993 година, кога Собранието на Република Македонија ја усвои Резолуцијата за пристапување на РМ во НАТО (Северноатланската договорна организација). Од тогаш немаше сериозен напредок за членство иако на Самитите континуирано се поздравуваат придонесот на РМ кон меѓународните операции предводени од НАТО и поддршката кон остварувањето на целите на Алијансата и се реафирмира ставот дека покана за членство на земјата ќе и се упати по изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот со името со Република Грција.
И така до 2018 година Собранието на РМ на својата 57 седница ја донесе Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО.
Понатаму за една неполна година се чекаа ратификациите од земјите членки на Алијансата, и така дојде до гласањето на Протоколот за членство во Собранието на Република Северна Македонија до 114 гласови “за” членство во НАТО од пратениците, за да во 27 март 2020 година, Република Северна Македонија стана полноправна членка на најголемата воено политичка алијанса во светот – НАТО, а на 30 март истата година да се крене и знамето на Република Северна Македонија пред седиштето на НАТО во Брисел во почетокот на светската пандемија.
Долг беше патот да се стане членка на НАТО Алијансата, минатиот викенд се одбележа и првата година од зачленувањето.
Обраќање од генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, по повод една година од членството на земјата во НАТО кој изјави дека Македонија е суверена земја која има свое место во Алијансата.
Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски, изјави дека членството во НАТО е клучна и стратешка цел на земјата од осамосојувањето до денес.
Претседателот на Собранието Талат Џафери за една година НАТО на Република Северна Македонија, рече дека сите минати влади и политички чинители и актуелните политички гарнитури, ја дале својата поддршка за земјата да стане 30-та членка на најмоќниот воено-политички сојуз.
Премиерот Зоран Заев во обраќањето на одбележување на годишнината од членството во НАТО, меѓу другото оцени дека ако треба со еден збор треба да се опише овој – тогаш тој збор е успеавме! Успеавме затоа што членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност.
Според министерката за одбрана Радмила Шекеринска членството на Северна Македонија во НАТО е најголемо достигнување во нашата историја како независна држава.
Адмирал Роберт Бурк кој ја предводеше делегацијата на НАТО ја предводеше командантот на Сојузничката команда на здружени сили на Алијансата во Неапол, рече дека земјата покажала храброст, одлучност и упорност.
И други честитки од сите страни на светот. Иако е реалност, анти-НАТО групите за разлика од минатите години не беа многу присутни по медиумите и социјалните мрежи, за анти – кампањи за една година НАТО, можеби се пишманија за нивното искажување, само што можеа да честитат на граѓаните за овој успех што Македонија го постигна, иако беше една од земјите која чекаше најдолг период за членство.
#НиеСмеНАТО
#МКД30ЧленкаНаНАТО