• Latest

„Патриотите“ откако го одбранија Аце – ќе го бранат Гоце

February 1, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

„Патриотите“ откако го одбранија Аце – ќе го бранат Гоце

February 1, 2023 16:07
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

„Херојска“ стража и целодневно присуство на гробот на Гоце Делчев на денот кога се одбележува неговиот роденден, 4 февруари, најавуваат Централниот Комитет на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, „Гоце Делчев“, предводен од Александар Пандов, како и партиите на Јанко Бачев, Петар Богојески и Димитар Апасиев.

Сè уште се свежи сеќавањата кога група изманипулирани и излажани граѓани се собраа на плоштадот во Скопје за да го бранат споменикот на Александар Македонски од „бугарскиот кран“, кој „влезе“ во Македонија за да се отстрани споменикот, поради како што дезинформираа, доаѓањето на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, (на 21 март 2018 година).

Денес сме сведоци дека сите тие вести беа лажни, и доаѓаа од одредени политички центри кои не сакаа да се реши 27 годишниот спор за името. Таквите пропагандни објави имаа цел да манипулираат и да го вознемируваат населението во однос на Договорот од Преспа кој се потпииша на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, на брегот на Преспанското Езеро.

Денес, по скоро 5 години од потпишувањето на Преспанскиот договор се воспостави стратешко партнерство меѓу двете соседни држави. Со решавањето на овој децениски спор, се овозможи евроатлантската интеграција на нашата земја.

Истите тие центри кои пред речиси 5 години ги заплашуваа граѓаните (македонските патриоти, или оние кои се уште не се помирија со промена на името и викаат „никогаш Северна“), дека со „бугарски кран ќе се егзекутира споменикот на Александар Македонски во Скопје“, денеска ги заплашуваат дека мора да го бранат гробот на Гоце Делчев, оти како што велат: „ако го изгубиме Гоце Делчев – ќе ја изгубиме историјата, се губиме сами себе како Македонци“.

„Хероите“ што ќе го бранат гробот на Гоце Делчев од Бугарите кои ќе дојдат на чествувањето, веројатно знаат дека таму „ќе се за секој случај“ и дека се манипулирани за добивање на евтини политички поени. И минатата година во чест на јубилејната 150 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев свежо цвеќе на вечното почивалиште на македонскиот револуционер положи и делегација на Владата на Република Бугарија, предводена од министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, придружувана од заменичката-министерка за надворешни работи, Велислава Петрова, заменик-министерот за култура, Јуриј Велковски и амбасадорот на Република Бугарија во нашата земја, Ангел Ангелов.

И лани, но и претходните години се поклонуваа делегати, политичари, граѓан(к)и од Бугарија пред гробот на Гоце Делчев и не се крена никаква прашина околу тоа. Со самото поклонување на бугарските граѓани всушност му се дава признание на ликот и делото на македонскиот револуционер.

А бугарските националисти и провокатори не се ни за коментирање, со нив (ќе) се занимаваат нашите безбедносни служби.

Достоинствено да го чествуваме денот од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
| Извор: CivilMedia
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ