• Latest

Од „кранови“ до „шахти“ – лажните вести меѓу етиката и казните

September 22, 2019

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Од „кранови“ до „шахти“ – лажните вести меѓу етиката и казните

Во очекување на резултат од идните дебати, кои се алатките кои во моментов можат да се применат против „лажните вести“? Генерално, можат да се поделат во две категории, со полициски речник, „меки“ и „тврди“.

September 22, 2019 14:57
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ИГОР К. ИЛИЕВСКИ

„Се сеќавате на една вест која тврдеше дека замислете „бугарски кран влезе во Македонија, ќе се отстранува споменикот на Александар Македонски” – после што мала група граѓани се собраа на плоштадот во Скопје да го бранат споменикот од бугарскиот кран. Денес сме сведоци дека сите тие така наречени вести – беа лажни. Имаа цел да манипулираат, да го вознемируваат населението.“ Вака премиерот Зоран Заев ја илустрираше потребата од заштита од лажните вести на конститутивниот состанок на Акциската група за координација на институциите на државата за борба против дезинформации и напади на демократијата, што во четвртокот се одржа на иницијатива на Владата.

„Лажните вести“, како што денес се нарекува манипулирањето со информации, од дозирано информирање до чисто дезинформирање, не се ниту нови, ниту ретки. Напротив, тие се секојдневни. А не се ни особено дискретни, од „бугарскиот кран“ (Александар си оди од „Македонија“: Пристигна кран за егзекуција од Бугарија) до „поклонување пред шахта“, или јулскиот снег во Аргентина.

Целта, како и на секоја вест, им е да допрат до што поголем дел од јавноста, било да е тоа од политички мотиви, како „кранот“ и „шахтата“, или, едноставно, од „економски“, како мамецот за кликови со откривањето на зимата на јужната хемисфера.

Акциската група на Владата што се конституира во четвртокот најави широка и сеопфатна дебата со сите заинтересирани страни, односно со „медиумите, медиумските и граѓанските организации, новинари и поединци кои се определени против злото наречено лажни вести“, преку која треба да ги дефинира проактивните мерки против намерното, смислено дезинформирање.

Во очекување на резултат од идните дебати, кои се алатките кои во моментов можат да се применат против „лажните вести“? Генерално, можат да се поделат во две категории, со полициски речник, „меки“ и „тврди“. Првите се мерењата на исполнетост на професионалните стандарди при известување, особено Кодексот на новинарите, или оценките на вистинитост на веста и етичноста на известувањето. Двете главни алатки во оваа категорија се интернет-страниците за проверка на вистинитоста на вестите и придржувањето кон професионалните стандарди, како веќе етаблираните „Вистиномер“ и „Критинк“, но и неколку понови, како и Советот за етика во медиумите, чија Комисија за жалби постапува по сите наводи за кршење на професионалните и етичките стандарди во медиумите. Но, Комисијата, дури и кога ќе утврди прекршување на стандардите, може да изрече само „мека“, односно морална санкција – да побара „дезинформаторот“ да ја објави нејзината одлука на истото место каде што бил објавен текстот/прилогот со кој е прекршен Кодексот.  Лани Комисијата донела 38 такви одлуки.

Втората, „тврда“ категорија се можностите за законско санкционирање на прекршувањата на новинарските стандарди. Една од можностите е Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, во чија примена има случаи на тужби од новинари против новинари или медиуми, но главно поради лична засегнатост од вест објавена во медиум. Во оваа сфера би била и примената на Законот за авторските и сродните права, како алатка за „присилна“ примена на новинарските стандарди. Конечно, тука е и Кривичниот законик, кој го санкционира „ширењето пораки“, но само ако предизвика или „создаде опасност од извршување“ дела како „тероризам“, „предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ или „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Додека оваа, „тврда“ категорија мерки има дискутабилна ефикасност во примената, „меките“ мерки се несомнено ефикасни. И сајтовите, и Комисијата брзо и навремено реагираат на манипулациите со информации и на прекршувањата на професионалните стандарди во новинарството. ТИе се неспорно ефикасни, но не и ефективни. Нивната работа, иако за многу ја подигнува видливоста на „лажните вести“ и ја зголемува свеста на јавноста за оваа појава, сепак не ги спречува.

Во меѓувреме, лажните вести продолжуваат со несмалено темпо и ентузијазам, од која било страна и од кои било мотиви, без реална одговорност за изречениот збор. За жал, сеуште нема дело, како „вербален тероризам“, на пример,  за кое јавноста може да ги тужи трујачите со лажни вести.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share13TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ