ЦИВИЛ Медиа разговараше со граѓан(к)ите на Велес на тема патриотизам и национализам, што претставуваат тие термини за нив и која е разликата.
Според еден граѓанин патриотизам претставува љубовта кон државата, и треба да мислиме добро за неа.
„Да мислиме добро за државава, да одиме напред, без разлика која националност сме, треба да направиме држава“, вели еден граѓанин.
Често граѓаните помеѓу овие термини прават голема разлика, на патриотизмот гледаат позитивно, а на национализмот гледаат негативно.
„Има разлика, едното е од позитивна гледна точка, другото е негативна. Патритизмот е од позитивна точка“, вели друг граѓанин.
„Патриот да бидеш за својата земја, а не да ја продаваш, не да биде после Горна Македонија, туку да биде Македонија, како што си била“, вели една граѓанка од Велес.
„Национализам е вид на патриотизам, но национализмот е нешто полошо од патриотизмот. Патриотизмот може да произлезе низ национализмот, нешто национално, што се сака“.
А. Петровска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.