пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Море, левото Димче јак „патриот“! Ги напаѓа Мицко и матичната ВМРО дека не излегле на протести кога се менуваше името. Заборава да каже дека ни тој ни Левица не излегоа на тие протести. Тогаш Димче велеше дека не требаат протести, дека сите се глупави а он паметен – дека ќе ја кутне „Северна..“ на Уставен суд!
И, сега? Јакиве доктори од левата и десната рака на мвро-вмро, десет-нула-нула и девет-шееседен, на кои им пропаднаа лагите дека се бришат Македонците и сите други финти со кои лажеа народ дур се менуваше Уставот (со гајба и два човека на протести), ни прават претстава и демек се „тепаат“ кој е попаметен и попатриот ?!
Кажете им на Димче и Мицко, дека токму од оваа нивна перспектива на „патриотизам“, треба да се скријат од срам.
Ако така ги гледаат работите, Јанко Бачев, Солза Грчева и разни други, што барем се качија на гајбата пред Собрание, испаднаа патриотски величини за нив, шефовите на левата и десната рака на мвро-вмро, Димче и Мицко.