• Latest

Пендаровски: Барањето на Софија е скандалозно

April 6, 2023

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Барањето на Софија е скандалозно

April 6, 2023 12:05
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

– Претседателот Стево Пендаровски го оцени како скандалозно барањето од страна на Софија да учествува во процесот на уставни измени на земјава, откако бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков вчера кажа дека Бугарија би сакала да биде вклучена и консултирана во постапката за впишување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, по што македонското МНР излезе со реакција дека дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на земјава, кое како обврска е поврзано со пристапните преговори за членство во ЕУ.

-Барањето од Софија е скандалозно. Такви барања не упатуваат ниту окупаторите кон земјите, териториите или државите кои ги окупираат. Во 21-ви век е апсурдно непримерено да барате да се мешате во внатрешните политички и уставно-правни процеси на која било држава. И мислам дека во таа смила нашиот одговор преку МНР вчера беше на место, дециден е Пендаровски.  

Во одговор на новинарско прашање, вели дека концептот околу мнозинства и малцинства во Република Северна Македонија е надминат, таа дебата е надмината и завршена со Рамковниот договор во 2001 година.

-И во поранешна Југославија никогаш не сме употребувале термин „национални малцинства“ туку имаше „народи“ и „народности“. Зошто? За да не навредиме никого кој живее  тука а е како бројка помалку од мнозинскиот народ. Мислам дека тоа е депласирана дебата и не треба да губиме време за тоа, вели Пендаровски.

Во однос на тоа дали номинира претставник во работната група за измени на Уставот, вели дека професорот од Правниот факултет Александар Спасовски, кој е негов правен советник, ќе биде дел од таа работна експертска група.

– Формално пуштивме одговор, меѓутоа добивме писмено барање од министерот за правда, веројатно денеска или утре, деновиве ќе пратиме одговор, меѓутоа професорот од Правниот факултет Александар Спасовски кој е мој правен советник и ќе биде дел од таа работна експертска група, кажа Пендаровски.

Во однос на барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за лидерска средба и дали тој ќе ја организира, кажа дека тој во принцип секогаш ги реализирал тие средби, доколку има согласност од двете претпоставени страни.

-До овој момент за хрватскиот предлог нема согласност од другите претпоставени страни, нагласи Пендаровски. 

Tags: МНРСофијаСтево Пендаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ