• Latest

Пендаровски: Без монетарното осамостојување ќе беше невозможно заокружувањето на меѓународно-правниот субјективитет на нашата држава

April 28, 2022
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Пендаровски: Без монетарното осамостојување ќе беше невозможно заокружувањето на меѓународно-правниот субјективитет на нашата држава

April 28, 2022 09:55
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на Свечената академија, што по повод 30 години од монетарното осамостојување се одржа вчеравечер во Скопје, во организација на Народната банка на Република Северна Македонија.

„Минатата година ја одбележавме 30 годишнината од независноста, меѓутоа, круцијален државотворен аспект без кој ќе беше невозможно заокружувањето на меѓународно-правниот субјективитет на новата држава беше монетарното осамостојување. Со прогласувањето на независноста во 1991-та, нашата централна банка започна да стекнува едно сосема поинакво ново искуство, кое ни помогна успешно да ги надминеме комплексните предизвици од првите години од независноста.

Веќе идната година, во 1992-та година, во парламентот беше усвоен пакетот закони со кои беше поставена институционалната рамка на монетарниот систем, а, пред македонските граѓани беа претставени банкнотите на новата македонска валута ‒ денарот, првиот симбол на нашето монетарно осамостојување.

Со политиките на воспоставување на стабилен курс на денарот, централната банка во тоа време одигра силна улога во зацврстувањето на темелите на нашата независност и државност. Инфлацијата беше стабилизирана, банкарскиот систем започна да закрепнува, а, беше оформена и позначајна сума на девизни резерви како клучен аспект на девизната ликвидност на земјата.

Со тоа беше поставен примарниот одбранбен механизам од евентуалните надворешни регионални и светски финансиски шокови, но и поддршка во процесот на транзиција на националната економија кон современите пазарни економски системи.

Јасно е дека освен некои внатрешно генерирани состојби низ годините, сепак, актуелните економски турбуленции на глобално ниво, во голема мерка влијаат на довербата на граѓаните во банкарскиот систем и кај нас и во светот.

За жал, таа доверба, денес, во континуитет се поткопува и од фактори кои стануваат се потешки за контрола. Зборувам за хибридните закани, меѓу кои најопасни се дезинформациите кои се широко застапени сѐ поинтензивно се појавуваат на социјалните мрежи. Сведоци сме, особено во последнава година, дека Народната банка беше таргетирана со многубројни лажни вести со единствена цел, да креираат паника меѓу граѓаните, несигурност и недоверба во системот. Меѓутоа, мораме да констатираме дека нашата централна банка досега успешно ги води тие битки и навремено реагира на сите вести кои пласираат невистини.

Изминативе две години, поради пандемијата, а сега уште позасилено поради руската инвазија во Украина, ние, но, воопшто и Европа и светот се соочуваат со економска и енергетска криза, ценовни шокови и инфлација. Но, и во вакви сложени услови, институциите на државата функционираат на стабилизирачки начин, со што ја оправдуваат довербата на граѓаните. Водечка институција во таа смисла е Народната Банка на Република Северна Македонија која водеше, и води ефикасна монетарна политика за време на сите овие кризи, со што испраќа јасни сигнали до економските фактори, што, пак, повратно влијае стабилизирачки во однос на состојбите на пазарот и инфлаторните движења. 

Работата на Народната банка и наназад низ годините воопшто не беше едноставна, особено за време на големата финансиска криза од 2008 година, кога ризиците за финансиската стабилност беа значително зголемени. Наспроти непредвидливите глобални економски движења и зголемените макроекономски ризици, финансискиот систем на Република Северна Македонија остана стабилен за што клучно влијание имаше сетот на мерки кои во тие услови ги презеде Народната банка.

 Веќе подолг временски период, заради стекнатиот кандидатски статус за членство во Европската Унија, поставеноста на нашата централна банка од аспект на нејзината независност беше, и е непрекинато предмет на оценување од страна на Европската централна банка, а, будно се следи и од Европската комисија преку нејзините годишни извештаи.

Притоа, треба да се одбележи дека во сите свои извештаи и Европската централна банка и Европската комисија потврдуваат дека законските одредби кои се однесуваат на независноста на Народната банка ги опфаќаат сите аспекти на независноста на централните банки утврдени со одредбите од Договорот за функционирање на Европската Унија и Статутот на Европската централна банка и Европскиот систем на централни банки.

Како еден од столбовите не само на нашата економија, туку и на нашата држава, уверен сум дека Народната банка ќе го продолжи континуитетот на позитивно работење и успешно водење на монетарната политика согласно нејзините со закон утврдени цели и задачи.

Единствено со транспарентна политика и домаќинско работење може да се гарантира улогата на финансискиот сектор, да се поддржи реалната економија и да се работи во интерес на граѓаните.

Исто така, очекувам Народната банка да продолжи да ја одржува својата уставно загарантирана независност во однос и на политичките и на економските центри на моќ и во иднина да придонесува кон одржувањето на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем“, вели во своето обраќање Пендаровски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ