Претседателот Стево Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по извршените консултации со правни експерти, известуваат од кабинетот на Пендаровски.
Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, велат од неговиот кабинет, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.