– Координацијата меѓу мене и Владата пред година и пол за оваа група што веќе отиде, уште шест-седум треба да заминат, добија агремани, значи околу 15 или 16 амбасадори договоривме во тој период завршија со немање кандидат ,вели Пендаровски. Не дека имаше судир меѓу мене и Владата, меѓутоа немаше солиден кандидат за тоа место. Тоа беше главната причина. Јас се надевам дека сега независно од пандемијата што не е завршена ќе можеме во обновени разговори меѓу нас, меѓу мене и МНР и Владата да го отвориме и тоа прашање и наскоро пролетта да го затвориме, изјави претседателот Пендаровски на прашањето зошто немаме Амабасадор во САД.
– Јас не можам да влезам во калкулациите и не сакам да ја префрлам одговорноста на Владата. Меѓутоа, за жал, знаете, сечие име денеска може да се политизира, интересите се и на партиите и на интересните групи големи и ние објективно и за многу други прашања бавно доаѓаме до брзи решенија, а таму Вашингтон, Њујорк, Москва ние мораме да излеземе навистина со дипломатски и политички „тешкаши“. Не можеме со бирократи од некоја пониска категорија или колку да кажеме имаме човек таму. Многу ни е битно да имаме квалитетен кадар. Не велам дека немаме, меѓутоа факт е дека во нашава држава знаеме таква екстра класа луѓе во различни области најчесто ни фалат, изјави Пендаровски во интервју за МИА.