• Latest

Пендаровски: Создавањето на Европа обединета во мир е еден од најзначајните политички проекти на нашето време

November 10, 2020
epa08176355 Results of vote during plenary session on BREXIT vote of the European Parliament in Brussels, Belgium, 29 January 2020. Britain's withdrawal from the EU is set for midnight CET on 31 January 2020, with the European Parliament scheduled to vote on the Brexit Withdrawal Agreement.  EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Според студија на ЕУ, застапеноста на жените во европскиот парламент е намалена во однос на изборите во 2029 година

June 7, 2025

Косовските пратеници ниту по 28-ми пат не успеаа да формираат парламентарен состав

June 7, 2025

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Создавањето на Европа обединета во мир е еден од најзначајните политички проекти на нашето време

November 10, 2020 15:28
in ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Создавањето на Европа обединета во мир е еден од најзначајните политички проекти на нашето време. Нашиот континент мина низ тешки периоди во кои доминираа национализми, тоталитарни идеологии, две светски војни и милиони жртви. И после сето тоа уништување и страдање, лидерите на западноевропските земји го избраа патот на градење заедничка Европа врз демократски принципи во која ќе владее правото и ќе се заштитуваат и промовираат човековите права и слободи.

Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски денеска  во обраќањето на 18. Меѓународна младинска конференција на тема: „Европските вредности за иднината на земјите од Југоисточна Европа“, којашто поради пандемијата се одржува виртуелно, пренесува МИА.

– Оваа идеја нѐ инспирираше да ги реформираме и трансформираме државите од нашиот регион, за да можеме да им овозможиме на нашите граѓани просперитетен живот. Но, ако за миг погледнеме на ситуацијата во речиси секоја од нашите држави, ќе видиме загрижувачки тенденции, рече Пендаровски.

Знам, додаде претседателот,  дека многу млади од Северна Македонија не се задоволни со резултатите постигнати во борбата против корупцијата и организираниот криминал, непотизмот или со ефектите од економските и образовните политики.

– Младинското незадоволство е секогаш лоша вест, бидејќи покажува дека политичарите не успеале да изградат инклузивно општество, растечка економија и култура на дијалог. Истовремено, се додека младите се незадоволни, но се подготвени да направат нешто во врска со тоа, има надеж за сите нас. Би требало да бидеме многу позагрижени доколку вие, младите станете рамнодушни, што би значело дека ги прифаќате недостатоците на системот или ќе барате подобар живот во странство. За жал, секојдневно, многу млади ја одбираат или едната или другата алтернатива, рече претседателот.

Пандемијата, како што посочи, дополнително ја комплицира и онака сложената состојба.

– Се предвидува и релативно високо ниво на структурна невработеност, особено меѓу младите, а, на глобално ниво, околу 180 милиони млади се вработени во секторите што се најпогодени од пандемијата, при што еден од шест млади луѓе во светот е невработен, додаде Пендаровски.

Според него, во вакви тешки, но и во нормални услови, политичарите мора да најдат начин не само внимателно да ги слушаат младите, туку и да ги вклучат младите во креирањето на политиките и носењето на одлуките.

– Со таа цел, пред неколку дена, беше формиран Претседателски центар за политичко образование кој треба да ја продлабочи врската меѓу младите и институциите. Овој центар треба да им помогне на младите да научат за политичката култура, демократијата, човековите права и слободи, толеранцијата и солидарноста. Со нашите партнери од Фондација „Фридрих Еберт”, Фондација за демократија на Вестминстер, Фондација „Конрад Аденауер”, Национален демократски институт за меѓународни работи, Меѓународен републикански институт и Фондација „МК2025”, сакаме да се поврземе со организации од земјата и странство кои веруваат во истите идеи. Тоа ќе биде наш придонес кон градењето на европските вредности во регионот, рече Пендаровски.

Но, предуслов за предвидените позитивни резултати, според него, е почеток на преговорите за членство во Европската Унија уште за време на германското претседавање, односно до крајот на оваа година.

– Германија е еден од најзначајните инвеститори во нашиот регион. Но, според мене, најважната германска инвестиција се токму напорите за интеграција на регионот во Унијата.  Можната блокада на преговорите би била неуспех на Унијата и би предизвикала сериозно нарушување на нејзиниот кредибилитет во очите на македонските граѓани. И дополнително ќе го поттикне процесот на иселување на нашите млади, рече Пендаровски.

Тој посочи дека стагнацијата во интеграцискиот процес отсекогаш била извор на фрустрации и разочараност, поле за игра за националистите и отворена покана за малигните геополитички влијанија.

– Со одлагањето на процесот ќе се прати погрешна порака не само до македонските граѓани, туку и до целиот регион – имено, дека една земја може да направи и најтешки одлуки и да поднесе најголеми жртви, а сепак да не го добие она што го заслужува. Јасно ќе открие дали Европа е само заеднички пазар или заедница на вредности во исто време. И дали политичките одлуки на Унијата се засноваат само на националните интереси на земјите членки или, земени се предвид и заедничките европски вредности, рече Пендаровски.

Претседателот посочи дека ништо не зборува повеќе за европските вредности од симболиката на вчерашниот и денешниот ден. – На 9 и 10 ноември 1989 година, граѓаните на Берлин почнаа го рушат ѕидот што го делеше не само градот, туку и Европа на два дела. Тој храбар чин на слобода беше и важен чекор кон обединувањето на Европа во духот на слободата. Но, овој ден треба да не потсети дека пред да биде изграден од бетон и бодликава жица, секој ѕид на поделба прво се гради во свеста на луѓето и ги отсликува нивните вредности. А сѐ започнува од нашата перцепција за другиот, различниот. Дали идентитетот, јазикот, колективната меморија се доживуваат како закана или како придобивка кон заедничката европска иднина?, рече Пендаровски.

Без сомнение, како што нагласи претседателот, секоја непринципиелна блокада на европската перспектива на која било држава од Западен Балкан е во функција на одржување на остатоците од ѕидот што ја делеше Европа.

– И тука јас ја предвидувам улогата на младите. Далеку од стереотипите од минатото, вие го гледате регионот и Европа од поинаква перспектива – без граници и без предрасуди. Вашата визија, се разбира, повеќе отколку визијата на старата генерација на која и припаѓам и јас, е имуна на вирусот на национализмот, шовинизмот, нетолеранцијата не само меѓу државите туку и во државите. Затоа, ве охрабрувам да упатите пораки до вашите политички лидери и до лидерите од Европската унија дека проектот Обединета Европа треба да се заврши, но заснован на хуманизмот и достоинството на народот, истакна Пендаровски во обраќањето.

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ