„Информиран сум, од тоа што го видов, случајот беше документиран од надлежните институции, не стануваше збор за импровизација“, изјави на прашање од Гласот на Америка претседателот Стево Пендаровски за протерувањето на рускиот дипломат.
„Се водеше сметка и од човечкиот аспект, не само за дипломатската конвенција, да не биде тоа преку ноќ. Тие луѓе имаат и семејства и идруги интереси и нехумано е да постапуваме на таков начин“, додаде Пендаровски во однос на рокот од седум дена за дипломатот да ја напушти земјата кој му бил даден од човечки аспект.
Министерството за надворешни работи соопшти дека согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Северна Македонија.