• Latest

Пендаровски: Засега нема индиции дека пожарот во Тетово е подметнат

September 9, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Засега нема индиции дека пожарот во Тетово е подметнат

September 9, 2021 14:57
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Тетово изјави дека според информациите кои ги добил од надлежните, досега не постојат индиции дека пожарот во модуларната ковид болница бил намерно предизвикан. Надлежниот јавен обвинител го информирал дека за околу час до два и формално ќе го завршат увидот кој трае веќе втор ден и во најбрз можен рок потоа ќе излезат со нивниот извештај.

-До овој момент нема никаков индикатор дека ова е направено намерно со цел да се постигне некаква друга политичка цел. Меѓутоа, велам, тоа е во овој момент и се разбира тоа ќе ви го каже денеска или наредниве денови надлежниот јавен обвинител. процедурата е тие даваат наредби до другите надлежни институции од обдукција до МВР. Обвинителот ми рече дека ќе им даде многу кратки рокови, веројатно пет дена за секоја институција да одговори од својата надлежност, по нивното добивање на тие сепак извештаи ќе излезе тој со свој збирен извештај во кој ќе се види прво што е причината за пожарот и второ и дали зад тоа евентуално има човечка грешка, истакна претседателот Пендаровски во денешната изјава пред опожарената болница во Тетово.

Тој истакна дека за да нема сомневања во истрагата за овој немил настан, Владата изразила подготвеност да повика и странска експертиза.  Основа за подетална анализа, според претседателот, е и самиот факт што модуларната болница изгорела во целост за само неколку минути.

– Меѓутоа, тоа е работа на надлежните институции. Имаме доволно стручни кадри во сите овие институции кои се инволвирани во оваа т.н. повеќеслојна истрага. Јас мислам дека за кратко време ќе ја знаеме вистината. Јавно да кажам, до овој момент, бидејќи имаше и такви шпекулации, јас ова утро разговарав на пример со претседателот на Словенија, Пахор, тој ме праша исто, има различни шпекулации дека е можеби подметнато, дека можеби има врска со 30 години независност, дека има некакви конспирации за тоа. До овој момент нема никаков индикатор дека ова е направено намерно со цел да се постигне некаква друга политичка цел, рече Пендаровски, додавајќи дека детали за тоа денеска или во текот на наредните денови ќе даде надлежниот јавен обвинител, пренесува МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ