Categories

ПРЕДЛОГ Пензија од 6.000 денари за тие што немаат ниту ден работен стаж

Постарите од 65 години, кои не работеле ниту еден ден, од годинава ќе можат да добијат пензија. Ова го предвидува Предлог законот за социјална сигурност на старите лица, кој веќе е во Собрание. Предвидено е да се гласа по скратена постапка, а ќе се исплаќа во центрите за социјална работа. Висината на социјалната пензија е предвидено да биде 6.000 денари и ќе се усогласува еднаш годишно со трошоците на живот.

Според законското решение, социјален пензинер може да стане само македонски државјанин кој живеел најмалку 15 години во земјава пред да го поднесе барањето за пензија:

  • да има пријавен пензиски стаж во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија или стаж на осигурување во траење помалку од 15 години,
  • да не поседува имот и имотни права од кои може да се издржува,
  • не е корисник на пензија од Република Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или доживување од друга држава,
  • не остварува приходи,
  • и македонско државјанство.

Право на ваква пензија немаат граѓаните кои се во брак или живеат во вонбрачна заедница, а чиј партнер веќе добива пензија.

Пензионерите од оваа категорија ќе добиваат по 6.000 денари месечно или (96,7 евра). Оваа пензија ќе се усогласува со трошоците на живот еднаш годишно.

Законот предвидува на овие лица да им се дава и надоместок за греење во износ од 1.000 денари (16 евра) од октомври до март.

Минималната пензија која ја исплаќа фондот на граѓаните кои работеле најмалку 15 години изнесува околу 8 800 денари (околу 142 евра).

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email