• Latest

Зоран Иванов за „Перспективи 2021“: Новинарите мора да ја зборуваат само вистината, оти вистината е инвестиција

December 25, 2020

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Зоран Иванов за „Перспективи 2021“: Новинарите мора да ја зборуваат само вистината, оти вистината е инвестиција

December 25, 2020 15:09
in ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

„Ме загрижува како се однесуваат медиумите, најдобар индикатор се факултетите по новинарство каде што речиси нема студенти. Тоа се должи пред сè на тоа дека медиумите долго време беа под окупација. Новинарите беа префрлувани од медиум во медиум, без никаков конкурс, туку преку „препорака“, истакна Зоран Иванов на конференцијата на ЦИВИЛ, „Перспективи 2021“.

Тој вели дека странските донации во истражувачките медиуми ја задржаа силата и сликата на седмата, односно четвртата сила. Македонските медиуми полека почнуваат да го белат образот и покрај тоа што платите се ниски во медиумите, буквално на сите.

„Мислам дека не функционира координацијата внатре во медиумите, репортер, уредник, директот, сопственик… Кај нас се уште има медиуми кој мудро манипулираат. И секое медиумско објавување има некое „ама“…

Нема елементарен професионален стандард, нема редење на фактите што е многу битно. Публиката веќе почна да распознава кој пласира вистинити информации, а кој пласира лаги, благодарение на дигиталните медиуми.

Новинарите сами одлучуваат кога ќе станат од сабајле дали ќе бидат во корист на некои центри на моќ или на вистината.

Веќе јас не чекам на телевизија да видам што се случува, веќе се информирам од социјалните мрежи и електронските медиуми, па дури и индивидуалец ако напише нешто на Фејсбук стига до мене“, вели Иванов.

Тој вели дека проверка на фактите остануваат како предизвик за електронските медиуми, бидејќи мора да се провери информацијата пред да се објави.

„Брзината ја изгубија меѓутоа веродостојноста и автентичноста остана во мејнстрим медиумите. Меѓутоа ако и електронските медиуми пласираат само вистинити вести тогаш веќе станува релевантен фактор. Граѓаните веруваат на новинарите кои имаат кредибилитет.

Државата, медиумите и невладините вложија средства за борба против лажните вести, особено со детектирање на ширачите и авторите на лажни вести.

Ние откриваме лажни вести, но не објавуваме и не разобличуваме кој ја објавува и пласира таа лажна вест, што е погрешно. Време е да ги објавуваме и ширачите и изворите на лажни вести. Пример, кога со прст ќе се покаже кон одреден политичар дека шири лаги, тогаш публиката со резерва ќе ја прими неговата информација“, нагласи Иванов.

На крај заклучи дека сè ќе помине само вистината ќе остане, бидејќи вистината е инвестиција. Новинарите треба да ја зборуваат вистината колку и да е таа болна и мора да ги разобличуваат невистините информации.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ