На конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2021, Александар Кржаловски, МЦМС зборуваше за перспективите на граѓанскиот сектор во 2021 година, нивниот развој и фокус, кој повторно ќе биде во контекст на пандемијата од Ковид-19.
„Како што излгеда последниот месец од годината, особено со појавата на вакцините очекуваме до половина на годината ситуацијата да се стабилизира и полека да се враќаме од новото нормално кон старото нормално. Она што се случуваше годинава, може да се очекува и во првата половина од идната година дека сепак голем дел од граѓанските организации се прилагодија на директна работа за превенција и помош за загорзените лица и нивните целни групи во справување со пандемијата, особено што и кај нас се случи трет бран, најжесток до сега. .. Што се однесува на подолгорочните перспективи на граѓанските организации, за жал, не очекувам добри работи, едно пораади кризата, одложени се сите реформи. Тука пред сè мислам на транзицијата во финансиските сресства од странски донатори кон домашните извори на финансирање… Предизвик за граѓанскиот сектор во годинава или годините што престојат да придонесат повеќе кон транзицијата, кон европските вредности, а без европска поддршка“, смета Кржаловски.