На конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2021“, со обраќањето на Љупчо Николовски, заменик премиерот за борба против корупцијата и криминалот потсетивме кои се идните планови на Владата во поглед на борбата против корупцијата.
„Транспарентноста и отвореноста се половина од борбата против корупцијата, затоа Владата донесе одлука со која сите надлежни институции, вклучително и општините и градот Скопје се обврзани во рокот од 30 дена да ги објават јавно на своите веб страници сите документи и информации поврзани со нивната работа. Функционерите се лицето на државата и тие треба да се најдоброто од нас, затоа и правата кои ги имаат тие функционери не можат да останат без контрола. Формиравме работна група чиј што приоритет е да ги ревидира дискреционите овластувања кога станува збор за именување на функционерите“, изјави Николовски.