„Да не беше кризата немаше неколку работи да се забрзаат или да се случат и да забрзаме во смисла на сè поголемо усвојување. Се случуваат големи промени во начинот на работење, особено во ИТ сферата, каде што се појавува нов вид на таа дигатална димензија или економија во која апликациите се оние кои ја водат таа економија. Се навикнавме со оваа пандемиска година за се да имаме апликација за да може да имаме помалку контакт меѓу себе, но и за да го олесниме животот“, вели Ванчо Орданоски претседател на ИКТ комора на Конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2021“.
Орданоски додаде дека таа дигитална економија, во која апликациите ја забрзале значително економијата, и дека Македонија има среќа што тие апликации на ист начин и со иста брзина се употребуваат и тука.
„Ние имаме среќа што имаме одлична интернет инфраструктура и овие дигитални апликации кои се овозможени и од таа дигитална инфраструктура, со тоа економијата, колку што е репресирана од пандемијата, толку можеше и да напредне во смисла на дигитализирање. Работата од дома не е само производ на дигитализираната економија, имаме се поголемо учество и ќе имаме во иднина – интернет на нештата. Тоа се мали уреди кои што се наоѓаат по рабовите на дигиталниот еко систем, и кои вршат некои мали ситни работи за кои досега не сме имале можност да ги вршиме на ефтин и достапен начин. Во светските движења има многу нови работи, следнава година ќе видиме компјутери кои се 1000 илјада пати побрзи од претходните, кои ќе придонесат во развивањето на вештачката интелигенција“, додаде Орданоски.