• Latest

Перспективи 2021- Симовски: Пописот не смее да се политизира

January 2, 2021

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Перспективи 2021- Симовски: Пописот не смее да се политизира

January 2, 2021 13:30
in ВЕСТИ, ПОПИС, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

-Најбрзата обработка на резултати од попис траеше година и пол, што е досега рекордно време за обработка на податоците, претходно траеле две до две и пол години. Како што стои сега во законот, ние треба да излеземе со обработени податоци шест месеци по спроведувањето на пописот. Јас повеќепати јавно сум кажал дека веројатно ќе завршиме за три месеци. Бидејќи многу од работите се веќе вградени во таа апликација. Во тоа апликативно решение  го има целокупниот сет на контроли кои во принцип сме ги правеле отпосле. И да погреши попишувачот, компјутерот му јавува грешка, и таа грешка се коригира заедно со лицето што  го дава податокот. Ако се прави во текот на обработката тогаш веќе доаѓа до математички модели, па се оди на таа веројатност на одговорот, вели Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика.

Јас бев промоторот на идејата во овој попис да се исклучи белегот на етничка припадност, не поради тоа што тој белег не дава убави, интересни и корисни информации, туку заради тоа што тој белег е главниот момент каде што политиката се фаќа за пописот и сака да го злоупотреби до максимум. И нема да се сложам дека со пописот во 2012 година почна политизацијата, тоа е практикувано и во минатиот систем, потоа, вели Симовски. Јас сум демограф по професија, и ме интересираат демографските движења кај  различните етнички и верски заедници, бидејќи тие различности во овој дел, различно влијаат на демографските случувања. Тие обичаи, убедувања итн. имаат свој импакт во реалноста, и затоа сакаме да ги анализираме. Но ако ставиме на кантар, колку добиваме со овие белези, а колку губиме кога политиката ќе ги зграпчи, јас ја промовирав како личен став, а потоа Заводот ја прифати како свој став. Но јавноста реагираше како што реагираше, и прифативме тој белег да биде вклучен бидејќи јавноста има интерес. Ќе биде вклучен во пописот и секој слободно ќе може да се изјасни како што сака.

– Често пати политичарите, сакајќи да кажат дека пописот, и да не сакаме ние, мора да биде политичка тема, бидејќи во уставот имаме одредени права коишто се стекнуваат врз основа на процентуална застапеност. Или не знаеме да го читаме Уставот, или не сакаме да го читаме. Во Уставот пишува- граѓани коишто говорат јазик различен од македонскиот да се повика 20 проценти, никаде не е спомната етничката припадност. Што значи дека овој дел нема врска со етничката припадност. Дури и во препораките на Обединетите Нации, и тука се мешаат бабите и жабите во јавноста, Евростат нема свои препораки. Постојат препораки на Обединетите Нации, економската Комисија за Европа, тоа е дел на којшто ние припаѓаме како земја, носи препораки коишто ги прифаќа и Евростат. Значи сите, и Евростат учествува во тие носења како и секоја земја, и ние, како земја, како завод учествуваме во  подготовката и носењето на тие препораки. И на крај, кога ќе се донесат, важат за сите земји во светот, подеднакво. Правилата на Европската Унија  се многу едноставни, пописите треба да се спроведуваат во годините што завршуваат со бројот 1, и има уште две регулативи, во едната се објаснува аутпутот, што треба да биде излезен податок од пописот, во која форма, какви табели, и содржина, и второ, кои методи на спроведување на пописот се на располагање.

-Во светот постојат четири методи, коишто се спроведуваат со комбинација на техниките, и нема други методи во светот. Постои традиционален метод, класично попишување и овој комбинираниот којшто го користиме ние. Има метод со користење податоци исклучиво од регистри, тоа е совршенство и дај боже да го достигнеме… Оваа година 11 земји во Европската Унија на овој начин ќе го спроведуваат пописот, и има еден единствен метод којшто го применува само Франција, таканаречен „тркалачки попис“ (rolling census), каде што во текот на десет години се прават анкети и се заедно се сублимира како пописен податок. Но ова е уникатно француско искуство, ниедна друга земја во светот не го применува бидејќи смета дека не може. И тоа е тоа, не постојат европски стандарди, постојат светски стандарди коишто ги прифаќа Европа. А опозицијата вели пописот не ги исполнува европските стандарди…Кои стандарди? Ете минатата година требаше да биде пописот, надвор од регулативата на ЕУ, но ние добивме дозвола од Евростат бидејќи немавме во 2011, требаше да направиме во 2012 попис, а не во 2020…

-Ние велиме 2 милиони и 73 илјади жители  во декември минатата година живееле во нашата земја, има ли човек во државата што ќе поверува во овој податок? Тој е официјален бидејќи е произведен од последниот попис и административните податоци, и од тој математички аспект, овој податок е точен. Но, за жал, како што спомна г. Дерала, не сега, туку со векови, ние сме емиграционо подрачје. Целиот Балкан е такво подрачје, вели Симовски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ