• Latest

Марјан Забрчанец за „Перспективи 2021“: Правилно информирање, борба со дезинформации и работа до членство во ЕУ во 2021

December 25, 2020

ДИК ја достави одлуката за поништување на листата на Движењето за национално единство на Турците – партијата бара оставки и одложување на изборите

October 18, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ја поништи кандидатската листа за советници за Град Скопје на ДНЕТ, гласовите ќе се сметаат за неважечки

October 18, 2025
Фото: МВР

Претрес во село Согле, општина Чашка поради сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“

October 18, 2025

Селими: Владата ги урива двата столба на државата – меѓуетничките односи и европската интеграција, со што ја доведува во прашање самата демократија

October 18, 2025

Жител на Ваташа приведен поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје

October 18, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено

October 18, 2025
Фотографија: ВИ

За локалните избори се акредитирани 1451 набљудувач – 807 домашни и 644 странски

October 18, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

October 18, 2025

Андонов: За да се заштити демократијата, потребна е демократизација на партиите и политичките структури

October 18, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Марјан Забрчанец за „Перспективи 2021“: Правилно информирање, борба со дезинформации и работа до членство во ЕУ во 2021

December 25, 2020 12:21
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Марјан Забрчанец, национален координатор за стратегиски комуникации и спроведување на  комуникациската стратегија во Владата на Република Северна Македонија, за Перспективи 2021, во организација на ЦИВИЛ.

Ние сме на прагот на една нова година во која имаме очекувања дека навистина ќе биде подобра од претходната. Мислам дека тоа и секој граѓанин веќе го зборува. Некако, како сите да велат – нека замине што поскоро оваа Ковид 2020-та.

За жал, јас мислам дека и следната ќе биде Ковид – година, но се разбира, ќе биде година на излез од Ковид. Пред сé, мислам дека ќе продолжат оние, би ги нарекол, вонредни или кризни комуникации во јавноста, поврзани со справувањето со пандемијата предизвикана од Ковид-19, со тоа што овој пат имаме нов предизвик пред нас, а тоа е информирањето на населението во врска со вакцината.

Во 2021 треба да се случи масовна вакцинација на светската популација, вклучително и на граѓаните на Северна Македонија. Очекувам тука масовно информирање од страна на владата и на институциите кон граѓаните, со цел да ги доближат информациите за бенефитот од вакцината, дека тоа е научно проверена медицинска состојка што, и тоа како, треба сите граѓани да ја примат, со цел да се заштитиме од светската пандемија.

Ние имавме безброј дезинформации околу појавата на Ковид-19, а сега веќе се соочуваме со нови дезинформации околу вакцината. Затоа велам дека Ковид-19 и вакцината, како една од главните мерки поврзани со излезот од таа пандемија ќе бидат во главниот фокус и понатаму. Се разбира, информирањето околу мерките, околу заштитата, маските, дистанцата, негрупирањето ќе продолжат, се надевам, имајќи ја предвид вакцината, во помал обем. Но, ќе продолжи информирањето за мерките што државата ги обезбедува за ранливите категории граѓани и за сите граѓани кои се погодени од кризата, без разлика дали станува збор за економска помош или за друг тип на социјална помош или за здравствени мерки. Несомнено, Ковид-19 и во 2021 ќе биде тема број еден.

Од кризните или од вонредните комуникации, мислам дека односите Северна Македонија-Бугарија ќе продолжат да бидат во врвот на интересот на јавноста, на медиумите и на политичките случувања. Особено бидејќи се поврзани со почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во Европска Унија.

Очекувам во 2021 да почнеме преговори и да имаме масовна комуникација, интензивна комуникација околу стартот на преговорите. На почетокот од годината ќе има повеќе информации во јавноста околу преговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија, со надеж дека ќе биде постигнато решение, информирање на граѓаните околу самото решение и понатаму, околу стартот на преговорите.

Се разбира, освен стартот на преговорите, сé друго, и Ковид-19 и проблемот со Бугарија, не е нешто што некој го планирал, нешто што посакуваме да го имаме. Сакаме тие работи што поскоро да останат зад нас. Велам дека фокусот ќе биде на овие две теми, но и на справувањето со дезинформациите, коишто произлегуваат од овие две теми и со овој негативен феномен во општеството воопшто.

Ние како влада планираме и во 2021 сериозно да се занимаваме со спречувањето на ширењето на лажни вести, односно пружање отпор кон феноменот дезинформации , во соработка со нашите стратешки сојузници, со НАТО, со другите влади на земјите членки на ЕУ и земјите членки на НАТО.

Најавивме веќе и планираме тоа да го спроведеме во 2021, да се најдат начини медиумската писменост да стане дел од образовниот курикулум. Тоа е дел и од новата образовна реформа што се најавува и што е од интерес за јавноста.

Ќе продолжиме да ја спроведуваме стратегијата за транспарентност. Еве, користам прилика за ЦИВИЛ, ексклузивна информација, дека и за мерењето за 2019, објавено пред неколку дена, здружението Action Southeast Europe ја става Северна Македонија, односно владата, извршната власт на Северна Македонија, на првото место по отвореност во споредба со земјите од регионот. Ние овој престиж го држиме уште од 2017, откако дојде до промена, политичка промена на власта.

Северна Македонија од последна стигна на прво место по отвореноста. Се мери транспарентноста на владата, се мери достапноста, пристапноста. Имаме чест да бидеме први во регионот по транспарентност, отчетност и отвореност. И не е лесна задача да се задржува ова прво место и да се обезбедува таа активна транспарентност и понатаму.

Во 2021 очекувам сериозно да биде третирана темата прочистување на судството во јавноста. На крајот на оваа година ќе биде презентиран концептот, за кој верувам дека правосудните органи ќе го одобрат, да го усвојат и да видиме конечно конкретни разврски поврзани со одвојувањето на нечесните од чесните судии во 2021.

Друг важен проект, важна тема која што е од највисок интерес на населението, би рекол повеќедецениски интерес на населението, е пописот. Планираме во април да се спроведе пописот. Тоа е најважната статистичка, можеби и повеќе од статистичка операција за земјава. Немаме спроведено попис повеќе од една деценија. Податоците од тој попис се, и тоа како, важни за проекциите за развој на државата, пред сé, економски и социјални, се разбира, многу помалку политички.

Друга тема што несомнено ќе се наметне, а е економска – новата македонска енергетика. Пред нас се сериозни процеси за гасификација на земјата. Во 2021 се очекува да почне изведбата на секундарната мрежа за десетина македонски градови. Значи, ќе почнат да се подготвуваат планови, ќе тргне реализацијата на поставување на цевките за гас кој што стигаат до домаќинствата во десетина македонски градови. Тоа навистина мислам дека е за одбележување и треба да се нотира. Ќе се зголеми и бројот на фотонапонски централи, на фотоволтаици што го користат сонцето како извор на енергија за производство на струја. Ќе се зголеми бројот на поставени ветерници во Северна Македонија и навистина мислам дека тоа е еден нов економски, енергетски бран, што е во корист и на животната средина, во исто време.

2021 година ќе биде и година на промена по однос на политиките за користење или некористење на канабис во земјава. Очекувам да се зголеми бројот на дијагнози или на болести чии симптоми се третираат или се лечат со медицински канабис. Сметам дека употребата на медицински канабис, не само во светот, полека добива сериозна поддршка од граѓаните и во земјава. Се разбира, помал е бројот на граѓани кои поддржуваат декриминализација и депенализација, меѓутоа, ако се има предвид бенефитот што се добива од користењето на канабисот во медицински цели, мислам дека е сосема во ред во 2021 да очекуваме извесни чекори и кон декриминализација и депенализација во делот на мали количини за лична употреба. Се разбира, полицијата и понатаму и во 2021 ќе продолжи со силен интензитет да расчистува криминални и коруптивни дејствија поврзани со трговија на дроги, што се веќе секојдневие. Тие акции на МВР се секојдневие и верувам дека и во 2021 ќе продолжат.

2021 година, да не заборавиме, ќе биде и година на локални избори. За жал, граѓаните во одреден период ќе бидат сведоци или учесници на, повторно велам, моменти на нечиста кампања помеѓу партиските или политичките субјекти. Мислам дека амбиентот се подобрува во однос на јавните комуникации поврзани со изборите. Меѓутоа, сепак во земјава имаме политички чинители кои и понатаму спроведуваат валкана кампања, црна кампања, кампањи полни со говор на омраза.

Треба граѓаните да знаат дека во рамките на тој амбиент, предизборен, што ќе се случува некаде наесен 2021, ќе има моменти и на нечесна комуникација што некои од партиските центри ќе ја спроведуваат.

За крај, мислам дека 2021 година ќе биде и година на македонскиот јазик, бидејќи е стогодишнина од раѓањето на Блаже Конески. Тој момент е препознаен, одбележан и од УНЕСКО. Ќе има серија активности и во земјава и пошироко од земјава поврзани со делото и ликот на Блаже Конески, кодификаторот на современиот македонски јазик. Очекувам, во Љубојно, старото, сега разрушено училиште што било второ по ред, после Втората светска војна, во кое почнало да се учи на македонскиот јазик, конечно да стартува реконструкцијата за што владата обезбеди средства и тоа старо училиште да се претвори во центар за грижа и промоција на македонскиот јазик.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ