Преостануваат пет дена до истекот на рокот за пријавување на краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ. Како и вообичаено, интересот расте во последните неколку дена пред истекот на рокот. Од организацијата порачуваат да не се чека последниот ден.
„Има добри апликации. Конкуренцијата е силна, бројот на заинтересирани го надмина бројот на оние што ќе бидат ангажирани, но секоја апликација ќе биде разгледана. Важно е да се напомене и дека овие повици се добар начин за запознавање со потенцијални соработници и во идните проекти на ЦИВИЛ“ – соопшти Координативниот тим за изборен мониторинг на ЦИВИЛ.
ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА
ЦИВИЛ објави ОДГОВОРИ НА НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИТЕ ПРАШАЊА од заинтересираните. Важно е сите да ги прочитаат пред да аплицираат, а организацијата стои на располагање за одговор на секое ново прашање.
Исто така, ЦИВИЛ потенцира дека резултатите од вториот повик ќе бидат познати на 3 октомври, а избраните набљудувачи по првиот повик нема потреба да аплицираат по вторпат и нема потреба да го проверуваат статусот на нивната апликација. Ако добиле позитивен одговор, тој е конечен. Ако добиле негативен одговор, имаат право да добијат објаснување.
Исто така, ЦИВИЛ го задржува правото да донесе одлука за исклучување од мониторингот доколку набљудувачот не се придржува кон Кодексот за набљудување и кон основните документи на организацијата.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ