• Latest
Шарената револуција, април 2016 година / фото: ЦИВИЛ

Пет години Шарена револуција, борбата продолжува

April 10, 2021
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Пет години Шарена револуција, борбата продолжува

April 10, 2021 14:17
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Шарената револуција, април 2016 година / фото: ЦИВИЛ

Шарената револуција, април 2016 година / фото: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

По повод јубилејот Пет години Шарена револуција, ЦИВИЛ организира програма во живо на 12 април, со почеток во 12 часот. Програмата ќе биде пренесувана на Фејсбук страницата и Јутуб каналот на ЦИВИЛ. Организацијата ќе покани истакнати активисти за човекови права, кои учествуваа во Шарената револуција, како и во низа други протести за демократија, правда, слобода и еднаквост во нашата земја.

Денот кога започна Шарената револуција, 12 април, ќе остане запаметен во македонската историја како симбол на борбата против режимот и диктатурата на една власт која никогаш повторно не смее да ни се случи. Борбата продолжува.

На овој ден, се сеќаваме и на сите други протести, граѓански иницијативи и движења со кои граѓанките и граѓаните на Северна Македонија го изразуваа својот протест против недемократските политики и практики на било која власт, во било кое време.

Пораката на ЦИВИЛ по повод овој ден е:

Борбата за човекови права и слободи, правда, слобода и еднаквост во нашето општество продолжува.

Сеќавањата на Шарената револуција мора да продолжат да живеат како сведоштва за моќта на гласот на обесправените, моќта на граѓанките и граѓаните кои сите овие години не останаа неми, глуви и слепи на неправдите.

Со цел да ги одбележи сите граѓански протести за човекови права, слобода, правда и еднаквост, ЦИВИЛ во 2018 година започна Иницијатива за одбележување на 12 април како Ден на граѓанскиот пркос. Иницијативата е доставена и до Собранието на РСМ, но таа најмногу се однесува на граѓанките и граѓаните, без оглед на тоа дали овој датум ќе биде прифатен и признаен од политичарите и институциите. ЦИВИЛ ќе го обнови предлогот за прогласување на 12 април за Ден на граѓанскиот пркос, со посебен настан пред Собранието.

Оваа година, соодветно на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот, освен со програма во живо, ЦИВИЛ ќе го одбележи Денот на граѓанскиот пркос со серија текстови, фото и видео прилози на својата медиумска платформа која своевремено беше една од ретките што го пробиваше медиумскиот мрак наметнат од режимот.

Со оваа иницијатива, ЦИВИЛ им оддава длабока почит и признание на сите слободољубиви граѓанки и граѓани кои поминаа месеци и години на улиците низ целата земја, барајќи почитување на човековите права и слободи за сите.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ