• Latest
Фото: МИА

Пет интерпелации во еден ден, отфрлени тие за Меџити, Стоиљковиќ, Тошковски и Исени, помина само за Даути – според Кабинетот на Гаши, нема обврзувачки последици

January 11, 2025

ДИК ја достави одлуката за поништување на листата на Движењето за национално единство на Турците – партијата бара оставки и одложување на изборите

October 18, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ја поништи кандидатската листа за советници за Град Скопје на ДНЕТ, гласовите ќе се сметаат за неважечки

October 18, 2025
Фото: МВР

Претрес во село Согле, општина Чашка поради сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“

October 18, 2025

Селими: Владата ги урива двата столба на државата – меѓуетничките односи и европската интеграција, со што ја доведува во прашање самата демократија

October 18, 2025

Жител на Ваташа приведен поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје

October 18, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено

October 18, 2025
Фотографија: ВИ

За локалните избори се акредитирани 1451 набљудувач – 807 домашни и 644 странски

October 18, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

October 18, 2025

Андонов: За да се заштити демократијата, потребна е демократизација на партиите и политичките структури

October 18, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пет интерпелации во еден ден, отфрлени тие за Меџити, Стоиљковиќ, Тошковски и Исени, помина само за Даути – според Кабинетот на Гаши, нема обврзувачки последици

January 11, 2025 10:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието до доцна синоќа расправаше по петте интерпелации поднесени против четворица членови на Владата и претседателката на собраниската Комисија за социјална политика.

На првата пленарна седница по новогодишниот одмор, беше изгласана само интерпелацијата за претседателката на собраниската Комисија за социјална политика Илире Даути, додека интерпелациите на четворицата членови на Владата поднесени од коалицијата „Европски фронт“ не поминаа, пренесува МИА.

Пратениците од опозициската СДСМ на почетокот на седницата најавија дека нема да учествуваат во расправата по интерпелациите бидејќи, според нив, нема потреба од нови поделби по етничка основа.

Координаторот на пратеничката група Оливер Спасовски на прес-конференција во Собранието рече дека причините за интерпелациите не смееле во ниту еден случај да бидат поврзани во етнички контекст, туку единствено со аргументи и факти околу работата на одреден министер или функционер.

Интерпелациите за четворицата владини функционери не беа поддржани ниту од владејачкото мнозинство.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ не ги поддржаа интерпелациите на четворицата членови на Владата. Ја повикаа ДУИ да се надмине себе си, да ги тргне интерпелациите на страна и да ги поддржи мерките на Владата за подобар животен стандард на сите граѓани и да дејствува како опозиција со соодветни, конструктивни политики.

– Тоа што беше порано веќе не постои, сега сите сме еднакви пред законите. На земјава не и требаат бесмислени дискусии, туку стабилнот, подобар стандард, просперитет, подобро здравство и образование. Приклучете се на промените како опозиција и делувајте со соодветно оружје. Интерпелациите нема да ги поддржиме, поддржуваме единствено политики за развој на сите, за подобро утре на сите, подвлече Љупчо Пренџов од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Европскиот фронт, кој ги поднесе четирите интерпелации, побараа политичка одговорност и оставка од вицепремиерот Изет Меџити, а како причини за неговата интерпелација ги наведоа случајот од 28 ноември со палењето на државното знаме, Балансерот, одлуките на Владата за бришење на дијаспората и Законот за јазиците.

За вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ рекоа дека е неспособен при менаџирањето на меѓуетничката состојба и дека место да биде гаранција за хармонија и стабилност, се претворил во симбол на неспособност и отсуство на волја да се почитуваат основните принципи на правото.

Интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја темелеа на селективно дејствување врз етничка основа за случувањата на 28 ноември, негарантирање еднаквост и безбедност за сите граѓани, неспособност за праведност и реторика која ја продлабочува етничката поделба….

Од заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени побараа одговорност и оставка зашто, како што рекоа, покажал неспособност да ја извршува функцијата, не успеал да ја зачува безбедноста и придонел за поттикнување на меѓуетничките тензии.

Интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути во ноември ја поднесе пратеничката група на „Левица“ поради тоа што, како што образложија, со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочела Законот за бранители со тоа што не го ставила на дневен ред на Комисијата со која претседава. Даути во своето излагање оцени дека интерпелацијата за неа е неоснована.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието преку соопштение појаснија дека гласањето за интерпелацијата на Даути нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. Именувањата и разрешувањата, велат од Кабинетот, се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот.

– Собранието на Република Северна Македонија денеска одржа пленарна седница на која се разгледуваше интерпелацијата за работата на пратеничката Илире Даути, претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Седницата се одржа во потполна согласност со Уставот на Република Северна Македонија, Деловникот на Собранието и постоечките закони. Изјавите на одредени медиуми кои велат дека резултатот од гласањето за интерпелација наложува разрешување на г-ѓа Даути се неточни. Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. Именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот, наведоа од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: интерпрлацијаСобрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ