• Latest

„Големо уво“ и во Јавното обвинителство, загадувањето – тема за раздор, ЦИВИЛ-ни активности…

November 30, 2018

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите на починатите деца побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

June 21, 2025

„Ограничена мобилност“ – уметничка акција што ги открива секојдневните предизвици на лицата со попреченост во Скопје

June 21, 2025
Hungry child in Gaza - Image by Anadolu Agency

УНИЦЕФ: Кризата со горивото ја продлабочува секојдневната борба за семејствата, доколку не се прекине блокадата на горивата во Газа, децата ќе умираат од жед

June 21, 2025
Бранко Тричковски

Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

June 21, 2025

Турските влечни хаубици БОРАН испорачани во Македонија

June 21, 2025

Седум новинари осудени во најновата шокантна акција против слободата на говорот во Азербејџан; Амнести интернешнл ја повика меѓународната заедница да извршои притисок врз азербејџанските власти

June 21, 2025

САД го зголемува воздушното присуство околу Блискиот Исток како припрема за евентуално вклучување во израелско-иранскиот конфликт

June 21, 2025

Про-палестинскиот активист Калил Махмуд од Универзитетот Колумбија ослободен од имиграцискиот затвор по три месеци

June 21, 2025

Албанската политичка сцена во Македонија се престројува пред изборите – нови сојузи, стари ривалства

June 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Големо уво“ и во Јавното обвинителство, загадувањето – тема за раздор, ЦИВИЛ-ни активности…

November 30, 2018 16:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески ги извести новинарите дека Основното јавно обвинителство води предистражна постапка за телефонската централа во својот објектз поради снимање на сите влезни или излезни телефонски разговори.
„На двата хард диска во централата се пронајдени сите телефонски разговори од 30 септември 2016 до денес, кои биле водени во Обвинителство внатре и оние повици кои доаѓале и оделе од фиксните телефони. Предистражната постапка треба да утврди дали некој однадвор ги користел податоците, дали телефонските разговори се изнесени надвор, кој сè имал пристап“, рече Јовески.
Централата била инсталирана во 2013 година, а јавниот обвинител најави дека ќе се истражува дали опремата била набавена со опција за снимање, или тоа дополнително било инсталирано.
Потпаролот Миле Бошњаковски денес соопшти дека за двегодишното прислушување на обвинителите дознала од изјавата на Републичкиотјавен обвинител Јовески.
Бошњаковски на прес конференција остро го осуди снимањето на телефонските разговори на обвинителите и посочи дека Министерството за внатрешни работи е целосно вклучено во предистражната постапка за снимените разговори од фиксните телефони на обвинителите во Основното јавно обвинителство.
„Сметаме дека ваквите појави се рецидив од минатото и пракса на минатите владејачки недемократски структури. Владата очекува дека институциите ќе посветат максимални капацитети во истрагата, дека ќе се расчисти настанот и дека јавноста ќе биде веднаш и целосно информирана“, рече портпаролот кој најави дека Владата ги става на располагање на обвинителството сите капацитети со кои располага, ако истите се побарани и потребни“

Заев тврди дека и опозицијата ја подржува потребата од изградба на Клинички центар

По информативната средба на која со министерот за здравство Венко Филпче ги запознаа пратениците со иницијативата за утврдување на локација за изградба на нов Универзитетски клинички центар, премиерот Зоран Заев изјави:
„Владата е максимално отворена, опозицијата дава поддршка за потреба од изградба на Клинички центар и важно е одлуките да ги донесеме заедно. Само така, со гледањето и со окото на опозицијата, ќе знаеме дека најдобрата одлука е донесена, во врска со локацијата. Секако, опозицијата со будното око ќе продолжи и понатаму да го мониторира целиот процес, но ова е важна одлука која треба да се донесе“, изјави Заев.
Според Заев, проектот кој вреди 450 милиони евра е од суштинско, национално значење за граѓаните, зашто Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ има сериозни проблеми со отежнатиот пристап на пациентите и на граѓаните до специјалистите и субспецијалистите. Разгледувани се локации за изградба на нов Клинички центар во Ѓорче Петров, Петровес, Илинден и Гази Баба.
Според министерот Филипче, ќе се гради центар, „што ќе им служи на сите граѓани од Скопје, на целата држава, еден објект којшто не е направен во ниедна од републиките на поранешна Југославија за што мислам дека сериозно ќе бидеме во предност во квалитетот на здравствената заштита која што ќе можеме да ја дадеме, сериозно да го зајакнеме капацитетот на нашиот здравствен систем посебно на ова највисоко терцијарно ниво и најмодерните и најсовремени медицински услуги да бидат достапни за сите“

Партиите се обвинуваат, граѓаните – жртви на загадувањето

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека граѓаните секојдневно ја плаќаат цената за загадениот воздух:: „Додека во Собрание се дискутира за овој проблем, Шилегов и Макрадули сметаат дека е подобро да си играат играчки на мобилен или да си дремнат, затоа што за нив не е важно здравјето на граѓаните. Ветуваа итни мерки за почист воздух, а две години не видовме ниту една мерка. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ излезе со препораки за подобрување на состојбите. Болниците се преполни со пациенти кои секојдневно имаат проблеми со кардиоваскуларните и респираторните органи, затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага целосна бесплатна заштита на сите граѓани каде е констатирано дека причината е загадувањето, со особено внимание на децата и хронично болните“.
СДСМ со контраобвинувања дека долгогодишната, децениска негрижа за животната средина и игнорирањето на проблемот со загадувањето од ВМРО-ДПМНЕ придонело Скопје да стане еден од најзагадените градови во Европа.
„Покрај мерките што ги преземаат државните институции и Градот Скопје презема континуирани мерки за намалување на загаденоста. Зазеленувањето е дел од есенската акција на Град Скопје кадешто ќе бидат засадени околу 3.500 садници. Најфреквентната сообраќајница во Скопје, на Бит-пазар веќе е засаден нов дрворед од 40 висококвалитетни садници јасен, со што овој простор некогаш познат по сообраќајниот хаос, добива ново зеленило и пешачки простор. Се чисти и коритото на реката Серава од кал, песок, ѓубре и комунален отпад со што продолжува акцијата за чистење на коритата и каналите во Скопје. Во изминатиот период на територија на градот расчистени се над 350 диви депонии, воведено е рачно миење на градските булевари и улици, а во училиштата се поставуваат прочистувачи на воздух. Истовремено, обезбедени се средства за набавка на 40 нови еколошки автобуси што треба да заменат дел од старите и нееколошки автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие“, стои во соопштението на СДСМ.

„Отворен ден“: „Усје“ ја почитува регулативата

Извршниот директор на цементарницата „Усје“, Борис Хрисафов, на Отворениот ден за граѓаните, потенцираше дека емисиите кои цементарницата ги емитира во воздухот се контролираат преку 24-часовен мониторинг систем, независен од компанијата и контролиран од акредитирани фирми
„Донесовме одлука, во овој период кога загриженоста на граѓаните е поголема резултатите од мерењата да ги објавуваме на неделно ниво на нашата веб страна“, рече Хрисафов. Според него, „Усје“ работи според законските прописи и ја почитува македонската и европската регулатива

Потпишан Меморандум за соработка во превенција од насилен екстремизам меѓу ЦИВИЛ и Општина Велес

Општината Велес и ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска потпишаа Меморандум за соработка за превенција и спречување на насилниот екстремизам.
„Се надевам дека со тоа што потпишуваме Меморандум за партнерство и соработка, правиме добро дело и дека резутлатите ќе го покажат тоа во наредниот период. Верувам дека заедно ќе успееме во соработка со претставниците на сите институции што се тука да се спротивставиме на опасностите и на заканиште што со себе ги носи насилниот екстремизам“, изјави градоначалникот на Велес, Аце Коцевски
„Меморандумите за соработка што ги потпишуваме на локално ниво со градоначалниците, вчера со градоначалникот на Куманово, денеска со градоначалникот на Велес и оние што ќе ги потпишеме со градоначалниците на Гази Баба, Чаир и Тетово, скицираат една заедничка мултидисциплинарна активност на граѓанските организации во соработка со локалните власти, полицијата, претставниците од образованието и низа други институции на локално ниво. Целта е рано детектирање на насилниот екстремизам и подобрување на состојбите во доменот на безбедноста и сигурноста“, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.
По церемонијата, се одржа и работната средба на која присуствуваа претставници на полицијата, локалните и националните институции, граѓански организации и медиуми и беше утврден календар на активности за реализација на проектот.

 

К. С.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Усје“ВелесзагадувањеЗаевКлинички центармеморандумобвинителиприслушувањескандалФилипчеЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ