Новинарот и активист Петрит Сарачни во видео порака за Иницијативата „Обединети во различноста“ повикува да се обединиме во различностите за да има правда, еднаквост и слобода за сите.
Мислам дека треба повеќе да ги истакнуваме, од нив да градиме парадигми или примери коишто ќе бидат употребени од целото општество за тоа како навистина работите може да се прават и подобро, и заеднички.
Правда за сите, слобода за сите, еднаквост за сите, ако тргнеме од тие постулати национализмот не е тој кој што вели дека треба да има правда за сите, туку ја замислува правдата само како правда кон сопствената етничка заедница која што секогаш е во право, а тие другите се нели тие кои се грешници, кабаетлии или виновници за нешто што се случува на етничката заедница. Ако ја земеме слободата како парадигма, националистите не ја гледаат слободата како слобода за сите, туку ја гледаат пред се како слобода за сопствената етничка заедница или опшествена група, често пати на сметка на слободата на некој друг.
Ако ја гледаме еднаквоста, националистите не ја сакаат еднаквоста, тие мислат дека, како што вели Орвел, дека некои се поеднакви од другите, сметаат дека нивната етничка заедница е привилегирана, тоа го прават од позиција на моќ, не од позиција на одбрана од некој туѓ напад, туку од позиција од која што сака да наметне доминација над некоја друга етничка заедница. И придобивките, повторно ќе се навратам на Орвел, на неговите белешки за национализмот, придобивките честопати не се лични, туку целта сама по себе е моќта и доминацијата на таа општествена група во која од одреден индивидуалец ја потонал својата индивидуалност, или станал дел од некаков колективитет.
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да ги споделуваат содржините на Иницијативата „Обединети во различноста“ со позитивни пораки, но и самите да креираат текстови, фотографии и видеа со пораки и искуства на оваа тема.
#ОбединетиВоРазличноста
#TëBashkuarNëDallime
#unitedindiversity
Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата.