Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, не се усогласија за Ристо Ставревски како началник на СВР Скопје, но се усогласија за останатите раководители и дополнителни раководители.
Тие денеска одржаа работен состанок со раководителите и дополнителните раководители кои се назначени согласно член 44 од Законот за Влада на Република Северна Македонија, заедно со заменикот министер за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски.