• Latest

Петровска: Интензивно работиме на Законот за критична инфраструктура како рамка за создавање отпорност на системите витални за државата

October 20, 2022

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петровска: Интензивно работиме на Законот за критична инфраструктура како рамка за создавање отпорност на системите витални за државата

October 20, 2022 14:14
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска се обрати на конференцијата „Кон отпорност и заштита на критичната инфраструктура: регионални искуства“, која се одржува во рамки на проектот Платформа за безбедносни политики на Југоисточна Европа, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје. Критичната инфраструктура ги опфаќа физичките или виртуелните системи кои се витални за една држава и затоа нивното онеспособување или уништување би имало негативен ефект врз националната, економската и социјалната безбедност, соопштува Министерството за одбрана.

На Конференцијата посветена на значајноста на легислативната рамка и заштитата на критичната инфраструктура, министерката Петровска истакна дека во услови на променета европска безбедносна архитектура, потребата да се изгради сеопфатен систем за заштита на критична инфраструктура е поголема од било кога.

„Секојдневно сведочиме дека софистицираните хибридни и сајбер закани кои ја таргетираат критичната инфраструктура и на државите во регионот, стануваат сѐ посериозна закана и сериозен безбедносен предизвик за државите, а се разбира и за нашата. Примерите посочуваат дека невидливиот пријател може да ги попречи или оневозможи речиси сите сегменти на нашето секојдневно живеење. Во изминатиот период во регионот сме сведоци во голем број на сајбер напади врз државни институции, невладините организации, системите за водоснабдување, енергетската мрежа, транспортот, голем број на онлајн услуги кои ги користат граѓаните итн.“, рече министерката.

Петровска посочи дека прашањето на критичната инфраструктура е дел од еден покрупен мозаик кој претставува предизвик во изградбата на висок степен на отпорност на нашето општество и дека е неопходно да се подигне свесноста и нивото на подготвеност за заштита на критичната инфраструктура во рамки на стратешкото управување со државата и нејзините институции, вклучително и изградба на интегрирана легислативна рамка за заштита на критичната инфраструктура.

„Треба да изградиме вмрежен систем и заштитата на критичната инфраструктура кој не може да биде едносекторски и парцијален доколку се разбира очекуваме рано предупредување и превенција. Токму затоа ни е потребен ни е системски пристап кон уредувањето на заштитата на критичната инфраструктура што ние како Министерство за одбрана веќе извесен период го водиме овој процес и во рамките на проектот МКД НАТО 2030 се формираше и Комитет кој имаше за цел токму тоа“, посочи Петровска.

Заштитата на критичната инфраструктура, покрај тоа што е значајна за заштита на државните интереси и граѓаните, е потребна и за заштита на безбедноста и на регионот, но и на сите земји членки на НАТО и на ЕУ.

„Заштитата не може да ја направи едно Министерство или пак било која дирекција на која ќе и биде доверена оваа задача. Решението и одговорот треба да се гледаат низ призмата на интегриран систем за национална безбедност на државата врз основа на искуствата на сите досегашни кризи кои сме ги поминале и надминување на парцијалниот пристап кој досега го има овозможувајќи услови за ефективност, едновременост и целосна координација на сите актери во системот“, потенцираше Петровска.

 

Министерката се осврна и на нормативното додефинирање во оваа област при што потенцираше дека е неопходно да се донесе Закон за заштита на критична инфраструктура како прв чекор во изградба на општество кое е отпорно и чии витални функции се обезбедени без нарушување на либералните вредности и човековите права и слободи.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ