• Latest

Петровска од средбата со Ремилар: Родовата перспектива е во врвот на приоритетите на Министерството за одбрана

September 16, 2022

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петровска од средбата со Ремилар: Родовата перспектива е во врвот на приоритетите на Министерството за одбрана

September 16, 2022 11:59
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и Марк Ремилар, главниот програмски менаџер во Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор – ДЦАФ на денешниот состанок го потпишаа Договорот за соработка кој предвидува спроведување на родова само-проценка во одбраната, процес кој ја унапреди родовата компонента во работењето на Министерството,информираат од Министерството за одбрана.

Оваа анализа ќе даде придонес во развојот на институционалната култура во обезбедувањето на еднакви можности за мажите и жените и ќе даде конкретни препораки во реализацијата на родовиот акциски план.

Министерката Петровска цврсто ја поддржа имплементацијата на проектот и порача дека Министерството и досега посветено работеше на прашања од родовата еднаквост и перспектива, при што во изминатиот период е направен голем прогрес, соопшти МО.

– Родовата перспектива е во врвот на приоритетите на Министерството. Ние цврсто веруваме дека секоја личност, секоја индивидуа е витален дел од одбраната и убедени сме дека ставањето фокус на родовата компонента е единствениот начин како можеме нашиот целосен потенцијал да го ставиме во функција на државата и на граѓаните, нагласи Петровска.

Таа изрази задоволство што денеска се потпишува овој Договор за соработка, кој ќе даде дополнителен интензитет во заложбите за целосна родова рамноправност.

Ремилар се заблагодари за покажаниот ентузијазам за соработка на ова поле и за професионалноста и посветеноста кон родовата рамноправност.

– Со прифаќањето на оваа иницијатива, вие поставувате позитивен пример за сите институции од безбедносниот сектор. Родовата само-проценка е исчекор кон зацврстување на родово-сензитивна и родово респонзивна институционална култура, рече главниот програмски менаџер во ДЦАФ.

Проектот кој започнува денеска, а ќе трае до крајот на следната година, предвидува шест области во фазата на собирање на податоци и нивна анализа и тоа: ефективност на перформанси; закони, политики и планирање; односи со заедницата; одговорност и надзор; персонал; и институционална култура.

Министерството за одбрана во изминатиот период направи исчекор во поглед на интегрирањето на родовите политики во суштинските закони во одбраната, а донесено е и Упатство за заштита од вознемирување на работното место, кое е целосно усогласено со НАТО политиката за превенција и одговор на сексуална експлоатација и злоупотреба. Дополнително, беше изработен и Втор национален акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325, каде координативната улога ја има токму одбраната. Воспоставена е и родова структура, односно беше воведена позицијата офицер за еднакви можности во Армијата, а формирана е и мрежа од 36 родови претставници – 19 во Армијата и 17 во Министерството за одбрана. Овие родови претставници играат клучна улога во советувањето на раководниот и командниот кадар во оваа област и давањето помош во случај на вознемирување на работното место, стои во соопштението од МО.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ