• Latest

Петровска: Партнерството со Националната гарда на Вермонт не е само пишан документ, туку подадена рака и поддршка

September 28, 2023
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Партнерството со Националната гарда на Вермонт не е само пишан документ, туку подадена рака и поддршка

September 28, 2023 20:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Министерството за одбрана вечерва беше одбележано 30- годишното партнерство меѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт.

Во своето обраќање, министерката за одбрана Славјанка Петровска ова партнерство го оцени како подадена рака и постојана меѓусебна поддршка.

-Ова партнерство не е само потпишан документ туку подадена рака и постојана поддршка низ сите овие 30 години. Триесет години одбележани со над 350 активности – вежби, обуки, тренинзи низ кои поминале повеќе од 1 800 армиски припадници, но и една исклучителна мисија, тешка, комплицирана опасна, но сепак успешна. Заедничката мисија на македонските и американските војници во Авганистан во 2010 година, иако тоа беше прва заедничка мисија резултатите се повеќе од одлични, рече Петровска.

Таа посочи дека успехот од партнерството кој е постигнат денеска се гледа во успесите на македонската Армија која, како што рече, е сојузничка армија што вложува во својата сила и успешно настапува во мисиите и вежбите со сојузничките армии.

-Ме радува што позитивниот пример за нашата соработка во областа на одбраната започнува и се повеќе се применува во другите секори во државата. Посакувам 40-годишнината да ја одбележат уште поголеми успеси и се разбира најважното, трајни пријателства, порача министерката.

Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал мајор Грегори Најт посочи дека упорноста и посветеноста на луѓето кои се дел од оваа соработка се најзаслужни за успешното партнерство меѓу двете земји.

– Активно учествувам во ова партнерство речиси половина од мојот живот, многу од нас овде ја делиме оваа долговечност, оваа упорност и посветеност на луѓето и оние од Вермонт и оние од Северна Македонија го направија ова партнерство, ова пријателство толку успешно. Она што е важно е да го пренесиме нашето знаење и искуство и да ги направиме уште поуспешни следните наши генерации, рече генерал Најт.

На свеченоста беа доделени и признанија за придонес во рамки на тридецениското партнерство, а ќе биде поставена и изложба на фотографии од заедничките активности на Армијата и Националната гарда.

Tags: Националната гарда на ВермонтСлавјанка Петровска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ