• Latest

Петровска: Ревизијата на одлуката за спојувањето на концесиите за Иловица – Штука не е слабост на министрите, но е покажување достоинство дека знаат да се коригираат

July 17, 2023
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Ревизијата на одлуката за спојувањето на концесиите за Иловица – Штука не е слабост на министрите, но е покажување достоинство дека знаат да се коригираат

July 17, 2023 13:05
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска очекува на утрешната седница на Влада, повторно да биде разгледана одлуката за спојување на концесиите за Иловица – Штука.

Таа во гостување во летното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 во врска со ова прашање кажа дека не гледа ништо спорно ако се констатира дека за некоја одлука што Владата, како колективен огран, ја донела треба да има ревизија.

-Тоа не е слабост на министрите, напротив тоа е нивно покажување на достоинство дека знаат да се коригираат. Очекувам на утрешната седница на Влада, како што беше дискутирано, повторно да биде отворена оваа точка, додава Петровска.

На прашањето дали смета дека се изиграни од министерот за економија Крешник Бектеши, Петровска посочува дека е тоа тежок збор, и дека најважна е нивната доблесност околу тоа да се побара ревизија на одлуката.

-Она што е многу важно е мојата реакција, и реакцијата на колегите кои бевме, а тоа е колегата Спасовски и колешката Шукова, се разбира и присуството на двете министерки на протестот всушност покажува дека ние навистина ја слушаме реакцијата на јавноста, вели министерката за одбрана Петровска.

На протестот во саботата, на активисти и граѓани во Струмица против одлуките на судовите и Владата за спојување на концесиите за експлоатација на минерални суровини на локалитетите во општините Босилово и Ново Село за отворање рудник, на кој присуствуваа и министри во Владата беа истакнати барања за раскинување на концесиите, како и утврдување одговорност за сите кои придонеле за можностa да се отвора рудник во Струмичко. Од „Еуромакс ресоурцес“ во реакција оценија дека само со конструктивен дијалог и стручно презентирање на фактите сите загрижености ќе бидат соодветно адресирани.

Tags: ИловицаПетровскаруднициШтука
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ