• Latest
Фото: Принтскрин

Петровска: „Секогаш и секаде први“ – Армиските „Волци“ одбележаа 30 години постоење

March 1, 2024

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Петровска: „Секогаш и секаде први“ – Армиските „Волци“ одбележаа 30 години постоење

March 1, 2024 11:27
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Share on FacebookShare on Twitter

Баталјонот на специјални сили при Армијата чие мото е „Секогаш и секаде први“ денеска во касарната „Илинден“ одбележа 30-години од формирањето. Баталјонот го прославува 1 март, како датум во спомен на денот кога 1994 година е формирана првата специјална единица во Армијата, препознатлива како „Волци“, која воедно е и првата професионална единица, пренесува МИА..

Првиот командант на Баталјонот, пензионираниот генерал потполковник Мирослав Стојановски, на кого му беше врачена плакета за неговиот придонес во формирањето на Баталјонот, ги повика припадниците на оваа единица да ги чуваат и негуваат армиските вредости – лојалноста, почитта, несебичното служење, честа, интегритетот и храброста.

Стојановски потсети дека идејата за формирање на оваа единица на Армијата потекнува од октомври 1993 година кога на неформална средба на тогашниот воен врв, раководството на воената безбедносна служба првпат сериозно разговарала за претходно подготвен предлог којшто се однесувал на потребата да се формира професионална единица за специјални намени.

– Не беше секогаш лесно, без отпори и скептицизам заради поранешни искуства стекнати во службата во поинаков општествено-политички систем во Армија во која покрај многу други карактеристики масовноста во мирновремени услови ја обезбедуваше преку задолжително служење на воениот рок. Немаше многу разбирање за концептот на професионализација. Со почетокот на формирањето на Шестиот одред практично отпочна процесот на професионализација на македонската Армија. Имавме визија и големи очекувања, но во тој момент не знаевме каде ќе биде и каков ќе биде исходот. Тоа беше проект со многу непознаници. После толку години се испостави дека очекувањата биле реални, а резултатот очигледен – Единица која претставува гордост на нашата Армија и држава, рече Стојановски.

Според началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, целите и очекувањата за формирањето на овој Баталјон се целосно реализирани.

– Единицата беше формирана во исклучително тежок период, но и комплициран временски период кога во регионот беснееја војни и кога дел од нашите соседи ја оспоруваа нашата самостојност и посебноста на македонскиот народ и јазик. Тука сме и денес, после 30 години, како формација на Армијата и сила на Македонија, симболично 30-та членка на НАТО, рече Ѓурчиновски.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во своето обраќање оцени дека во изминатите 30 години Баталјонот за специјални сили се транформирал и адаптирал на современите предизвици и дека е првата армиска единица, која по членството во НАТО, успешно го има завршено процесот на оценување на борбената готовност и ги исполнила строгите НАТО стандарди.

– Секогаш и секаде први е она што најдобро ги опишува припадниците на Баталјонот за специјални цели. Секогаш без да прашате „зошто“, секаде без да опонирате „а зошто таму“. Први, подготвени, обучени, но и решени да ја добиете секоја битка. Но, јас би додала и три децении непоколебливост, посветеност, храброст, одлучност и несебична жртва во одбрана на татковината, рече Петровска.

Tags: АРМПетровска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ