• Latest

Петровска: Северна Македонија има клучна улога во зацврстувањето на мирот и стабилноста и преку учеството во мисии и операции на Унијата

October 27, 2022

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Петровска: Северна Македонија има клучна улога во зацврстувањето на мирот и стабилноста и преку учеството во мисии и операции на Унијата

October 27, 2022 12:30
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Надворешната политика на Северна Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносна политика на Европската Унија. Оваа политика е исклучително важен инструмент на унификација и инструмент за интензивен политички дијалог со Унијата“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со претставници на Делегацијата на ЕУ и Европската служба за надворешна политика предводени од Хулиан Васало, заменик – шеф на Делегацијата на ЕУ и Рори Дом, шеф на девизија во Европската служба, информираат од Министерството за одбрана.

Министерката истакна дека силната соработка помеѓу НАТО и Европската Унија во контекст на руската агресија врз Украина, е јасен приказ на кохезијата и одлучноста да се заштити стабилноста на евроатлантската област и меѓународниот поредок базиран на принципи и правила. Петровска се осврна и на македонскиот придонес кон регионалната стабилност преку учество во мисиите и операциите на Унијата, како и учеството на Армијата во борбената група на Унијата ХЕЛБРОК во првата половина на 2023 година, предводена од Грција.

„Северна Македонија има клучна улога во зацврстувањето на мирот и стабилноста и преку учеството во мисии и операции на Унијата, а пример за тоа е учеството на 33 армиски припадници во операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, ЕУФОР – АЛТЕА, како и учеството на армиски офицери во тренинг мисијата на Унијата во Централноафриканската Република“, истакна Петровска.

Министерката порача дека членството на Северна Македонија во НАТО е комплементарно со нашата интензивна соработка со ЕУ и нашата стратегиска цел – ефикасен пристапен процес и што е можно поскоро полноправно членство во Унијата.

На состанокот стана збор и за зацврстување на соработката, имајќи ја предвид веќе воспоставената комуникација со Европската одбранбена агенција, особено во контекст на копнените сили, логистиката и комуникациско-информациските системи. Се разговараше и за можностите за развој на капацитетите со поддршка од Европската служба, со цел подобра подготвеност за придонес во операциите и мисиите на Унијата, со што ќе се зацврсти и стабилностa на регионот и пошироката област.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ