Дополнителната заменик министерка во Министерството за внатрешни работи, Славјанка Петровска во изјава за Фокус потврдува дека по барањето на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев за враќање на возилата, досега е вратено само едно и порачува дека другите возила нема да се вратат.
„Колку што знам вратено е само едно возило, за другите возила испративме дописи, јас, директорот на Бирото за јавна безбедност и Одделот за телекомуникации дека возилата се користат согласно прописите во Министерството за внатрешни работи, дека се неопходни и дека нема да се вратат“, изјавила Петровска.
Петровска, како што пренесува Фокус, побарала информација со колку возила во моментот располага министерот Чулев и чека одговор.