Министерката за одбрана Славјанка Петровска, со Фејсбук објава за денешната средба со амбасадорката на Израел во Северна Македонија, Симона Франкел, ја потврдува одличната билатерална соработка помеѓу двете земји,
Денешната средба со амбасадорката на Израел акредитирана за Северна Македонија , Симона Франкел ја потврдува одличната билатерална соработка помеѓу двете земји.Двете земји имаат одлично искуство во соработката во одбраната повеќе од десет години кога заеднички го развивавме центарот за обука на пилоти, кој сега е дел од Армијата на Република Северна Македонија.Продолжуваме да соработуваме на сите полиња кои се од заеднички интерес. Внесуваме нова енергија и динамика од која силен бенефит ќе имаат и Северна Македонија и Израел., напиша Петровска на фејсбук.
М.Д.