Прво Бујар Османи од ДУИ соопшти пет столбови за преговори со албанските партии во емисија на ТВ 21 на 26 јули.
„Многу е важно да се согласиме за оваа албанска платформа во политичката трка која треба да биде постојана за албанската политика: 1. На изборите не се тркаме со повеќе од две листи. 2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини. 3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор. 4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006). 5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии“, рече Османи.
Политичките опоненти на ДУИ, Алијансата за Албанците рекоа „Јо!“ за оваа најнова политичка акробација. Возвратија со нивни пет столбови.
1. ДУИ продолжува да биде најголем субјект за раздор.
2. Не се фаќај за рака со Љубе Бошковски за да добиеш глас повеќе и да се повикуваш на легитимноста на Албанците.
3.Не го крадете гласот и не купувајте ја слободната волја
4. Не ги залажувајте Албанците, реализирајте го албанскиот премиер
5. Каде бевте кога беа направени Уставните измени?
Алтернатива ги почестија ДУИ со еден дополнителен – столб на срамот: „Тие го заборавија главниот албански столб. Шестиот столб на албанската национална политика е столбот на срамот, столбот на кој ќе бидат залепени фотографиите на крадците на албанскиот глас од лидерот на партијата до локалните банди“.