• Latest

„Пиксел Груп“: Јавноста да не се замајува – кога влезе во политиката Ковачевски истапи од сопственичката структура

October 3, 2022

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Пиксел Груп“: Јавноста да не се замајува – кога влезе во политиката Ковачевски истапи од сопственичката структура

October 3, 2022 09:34
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во време на светска енергетска криза кога на нашата Македонија, но и на целиот свет, му е насушно потребен секој произведен мегават електрична енергија, сметаме дека е под секое ниво, името на нашата компанија, како и на нашата компанија-мајка „КМГ ЕОЛ Квазар“, да се злоупотребуваат во дневни полички препукувања и безначајни прес-конференции, кажувајќи единствено лаги и класични манипулации за да се замајува јавноста, соопшти вечерва компанијата „Пиксел Груп“.

– Затоа, најостро го осудуваме секој обид за дискредитација и нашата групација да се доведе во корелација со било каква политичка структура, посочуваат од „Пиксел Груп“, реагирајќи на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска на прес-конференција изнесе тврдење дека фирми основани од премиерот Димитар Ковачевски и негови семејни врски „вртат милионски суми во енергетскиот бизнис“.

– „Пиксел груп, фирма основа од Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, заедно со фирмата „КМГ ЕОЛ Квазар“, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра, изјави Лефков.

Во соопштението на „Пиксел груп“ се посочува дека уште пред назначувањето на премиерот Ковачевски за заменик министер за финансии, истапил од сопственичката структура на компанијата, бидејќи тоа е неспоиво со неговиот политички ангажман.

– Затоа уште еднаш потенцираме дека е за секаква осуда нашите компании да бидат жртва на нечии потреби за дневен политички рејтинг и бараме да не се користи името и на „Пиксел груп“ и на „КМГ ЕОЛ Квазар“ за политички маркетинг, се наведува во соопштението.

Од „Пиксел груп“ посочуваат дека компанија на македонскиот пазар постои од 2018 година и постојано работи по највисоки корпоративно технолошки и етички стандарди.

– Целта на „Пиксел груп“ е да го забрза прифаќањето на соларната технологија како предуслов за зачувување на животната средина и да овозможи одржливо ,ефикасно и еколошко снабдување со електрична енергија,произведена од сончевата светлина. Ние работиме на слободен пазар, како приватни компании, по сите законски прописи и по највисоки етички стандарди и не користиме никакви специјални услови, надвор од оние кои на сите компании од оваа дејност им се даваат на располагање и им следуваат по закон, додаваат од „Пиксел груп“.

Во соопштението се додава и дека компанијата „КМГ ЕОЛ Квазар“ е основана во 2007 година и е пионер во областа на фотоволтаичните системи и енергетската ефикасност.

– Сите први проекти во областа на фотоволтаичната технологија и енергетска ефикасност се поврзани со оваа компанија и тоа во период кога политичката елита што држи пресови за нас, беше на власт. Во моментов вработува повеќе од 70 вработени и неколку фирми подизведувачи и има вкупна реализација за период 2010-2021 година 1 291 668 742 денари или околу 21 002 744 евра. За тој период ,компанијата има исплатено придонеси и даноци за плати кон државата во износ од 23 284 533 денари, наведуваат од „Пиксел груп“.

Во соопштението се нагласува дека „како резултат на доброто работење и визијата“ на „КМГ ЕОЛ Квазар“, се родила идејата за основање на „Пиксел груп“, како прва фабрика во земјава за производство на фотоволтаични панели според светски стандарди.

– За 4,5 години успеавме со натчовечки напори и заслуги на сите наши вработени од двете компании да произведеме преку 80 мегавати, кои што освен на домашниот пазар, успешно ги пласираме и во регионот (Србија, Косово, Албанија, Турција…) и во држави на Европската Унија, како Романија, Хрватска, Полска, Бугарија и други, посочуваат од „Пиксел груп“.

Компанијата додава дека во неа во моментов работат околу 30 вработени на кои што редовно им се исплаќаат плати и придонеси и „се горди и задоволни што работат во високо технолошка и модерна компанија“.

– Компаниите се општествено одговорни компании, кои што давале и во иднина ќе даваат помош и спонзорства за развојот на спортот и културно-едукативните настани. Затоа, бараме извинување од оние кои пласираат вакви неточни тврдења, а во спротивно ќе ги преземеме сите правни средства кои ни стојат на располагање за заштита на угледот на двете компании.

Како и досега, стоиме транспарентно во објавување на секој податок и информација што е во интерес на јавноста и на нашата држава, се наведува во соопштението.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ