• Latest
Фото: миа.мк

Писонеро: Сите политички сили во земјава да работат за иднината на Северна Македонија во ЕУ

July 26, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Писонеро: Сите политички сили во земјава да работат за иднината на Северна Македонија во ЕУ

July 26, 2023 14:20
in ВЕСТИ
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Сите политички сили во земјата, вклучително и опозицијата, треба да работат заедно за обезбедување на иднината на Северна Македонија во ЕУ, изјавија за МИА од Европската комисија, откако вчера собраниската Комисија за уставни прашања ја изгласа потребата за пристапување кон измена на Уставот, со што почна процесот на уставни измени.

– Северна Македонија се обврза да го измени својот Устав. Тоа е суверена одлука. Во овој поглед се преземени првични чекори. Земјата дава добар пример за мултиетничко општество. Затоа, со измена на Уставот дополнително ќе се унапредат основните права, изјави за МИА портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро.

Во однос на скриниг процесот на Северна Македонија со ЕУ, од Комисијата додаваат дека тој тече според предвиденото и се одвива непречено, а до Советот на Унијата веќе се доставени извештаите од скринингот по кластерот „Темелни вредности“.

На барањето да коментира некои критики дека е омекнат тонот во извештаите од овогодинешниот пакет за проширување во однос на владеењето на правото, Писонеро рече дека „приоритетите на ЕУ во З
Ана Писонеро / МИА Архива

– Што се однесува до неусогласености на националното законодавство со нормите и стандардите на ЕУ, главната цел на скринингот е да се процени каде постојат пропусти во домашното законодавство, вклучително и при имплементацијата и спроведувањето, вели Писонеро.

Таа посочи дека одржувањето на првата Меѓувладина конференција минатата година претставуваше значаен напредок и означи почеток на нова фаза во процесот на пристапување.

– Комисијата веднаш го започна скринингот, што е прв чекор во преговарачкиот процес, додаде Писонеро во одговорот за МИА.

Спроведувањето на уставните измени е условот за одржување на втората Меѓувладина конференција по завршувањето на скрининг процесот, со што преговарачкиот процес ќе продолжи по преговори по кластери и поглавја.

Tags: Ана ПисонероЕУскрининг
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ