• Latest

Пивоваров: Доста му е од војни на Балканот, неговата иднина е да прерасне во оаза на мирот

November 11, 2022

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пивоваров: Доста му е од војни на Балканот, неговата иднина е да прерасне во оаза на мирот

Владиниот координатор смета дека изразот „Балканот ќе стане буре барут“ е веќе минато

November 11, 2022 12:40
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

За да дојде до ширење на војната надвор од сегашните граници на истата, потребно е да бидат исполнети многу предуслови. Несериозно е да се прават паралели помеѓу оваа војнa во Украина и Балканот пред се од геостратешки причини. Но секако будно треба да се следат сите збиднувања бидејќи лесно и брзо може да дојде до ескалација, вели во разговор за „Локално“, националниот координатор на Владата за гранично управување, Владимир Пивоваров во однос на можноста од излевање на тензиите на Косово.

Тој потенцира дека секое погазување на меѓународното право со употреба на сила, глобално ја нарушува безбедноста во целиот свет затоа што секоја земја која постапува спротивно на меѓународното право се повикува на претходен случај од светската практика на примена на сила.

Секоја од завојуваните страни и агресорот и онаа земја која се брани, презентираат свои ставови за да ја оправдаат својата позиција. Токму тоа е она што го нарушува меѓународното право, а кога ќе се наруши истото во светот почнува да владее правото на џунглата односно се создава хаос. Секоја војна завршува со преговори на зелена маса и на крај се поставува прашањето зошто пред да почне војна спорните прашања да се решат по дипломатски пат без да има жртви без да има разрушувања. Па нели сите сме цивилизирани суштества, наведува Пивоваров.

Владиниот координатор смета дека изразот „Балканот ќе стане буре барут“ е веќе минато.

Сведоци сме на многу иницијативи кои го зборуваат токму спротивното на пр. „Отворен Балкан“, заеднички гранични премини, заеднички гранични патроли, зголемена трговска размена, но сепак малкуте хушкачи на војната се обидуваат преку своите ставови да го креираат јавното мислење. Пред се тука се нашите меѓународни пријатели кои такво нешто не би дозволиле. Доста му е од војни на Балканот, а неговата иднина е да прерасне во оаза на мирот, оценува Пивоваров.

Околу дојавите за поставени бомби кај нас и во регионот гледано од тајмингот на оваа појава, соговорникот потенцира дека секогаш се случуваат во време на некој важен политички момент.

За да имаме точен одговор на оваа прашање потребно е да оставиме време и простор на безбедносните служби да си ја завршат истрагата. Секако ова е хибридна војна како составен дел од тероризмот бидејќи имаа иста заедничка цел а тоа е создавање на чувство на несигурност кај самите граѓани како и чувство на недоверба кон институциите, порачува тој.

Големите сили од памти век до денес па и во иднина, вели Пивоваров, ќе имаат интерес на пенетрирање на свое влијание ширум светот па и кај нас.

Тоа влијание тие го остваруваат на секој можен легален начин кое им го дозволува Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 год па се до илегални начини на различни дејствија се со цел да го остварат својот интерес. Често на ова прашање пред сè се мисли на разузнавачка активност што во практика не е така. Новите форми на дејствување се различни а најзастапена е формата преку економско и политичко влијание. Секое вакво влијание кое е спротивно на интересите на нашата држава ја нарушува безбедноста во помала или поголема мерка. Впрочем тоа и се чувствува преку крајниот продукт кој го очекувала земјата која го врши истото. Потребно е да ги следите само мас медиумите за да секој од нас си донесе заклучок. Ние сме мала земја и секогаш треба да ги браниме нашите интереси, дециден е националниот координатор.

За заканите со бомби, Пивоваров вели дека зависно од видот на заканата доколку е во сфера на безбедноста на државата такви мерки треба и да преземат безбедносните служби.

На пример ако се работи за сајбер тероризам, службите треба соодветно да одговорат на оваа закана конкретно изнаоѓање на заштитни механизми да се оневозможи на напаѓачите да можат да навлезат во нашите бази на податоци но и со брзо откривање на адресата на напаѓачот, укажува владиниот координатор.

Пивоваров коментира и околу влијанието на Москва во одредени македонски партии.

Дали има партии во нашата земја кои се под руско влијание секој од нас сам може да заклучи од јавните настапи на истите. Сепак дали тоа влијание е од идеолошки причини или пак од економски побуди на поединци е работа на безбедносните служби, а нормално тие се дел од специјалната војна, заклучува соговорникот.

Извор: Локално

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ