• Latest
Министерката за Европа, интеграција и семејство на Австрија, Клаудија Плаколм / Фото: Х

Плаколм: На напредните кандидати за членство, како Северна Македонија, треба да им се овозможи пристап до програмите на ЕУ

April 11, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Плаколм: На напредните кандидати за членство, како Северна Македонија, треба да им се овозможи пристап до програмите на ЕУ

April 11, 2025 09:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Министерката за Европа, интеграција и семејство на Австрија, Клаудија Плаколм / Фото: Х

Министерката за Европа, интеграција и семејство на Австрија, Клаудија Плаколм / Фото: Х

Share on FacebookShare on Twitter

Над 20 години зборуваме за интеграција на Западниот Балкан во ЕУ, но не е постигнат значителен напредок на тој план, бидејќи најчесто соседните земји „ставаат кочница”, изјави министерката за Европа, интеграција и семејство на Австрија, Клаудија Плаколм во интервју за австриската агенција АПА.

Таа смета дека ЕУ треба да им дозволи на „напредните кандидати за членство“, како Црна Гора, Северна Македонија и Албанија, да учествуваат во програмите на Унијата.

– Тоа може да се случи, на пример, преку подобра економска соработка со видливи придобивки за населението и за компаниите на Западниот Балкан, што, се разбира, е поврзано со исполнување на обврските. Може да се прави чекор по чекор и земјите кои веќе добро напредуваат да се вклучат во европските програми, вели Плаколм.

Австриската министерка истакна дека се надева и посакува ЕУ да ги прими првите нови членки „во следните неколку години, а во секој случај до 2030 година“.

За забрзување на интегративниот процес, според Плаколм, би требало да се разгледа и ограничување на правото на вето при носењето на некои одлуки во рамките на ЕУ поврзани со проширувањето.

– Би било поразумно некои чекори да се направат побрзо и на крајот од целиот процес повторно да се вратиме на одлучување со консензус. Но, сметам дека е важно да постигнеме единство и да разговараме за клучните прашања, истакна австриската министерка.

Според неа, ако продолжи со ваквиот однос, ЕУ ризикува да го изгуби кредибилитетот на Западниот Балкан и постои опасност регионот „да стане играчка на други геополитички сили”.

– Се чувствува, особено кога размислуваме за демонстрациите во Србија, дека населението е подготвено за реформи, за европска интеграција, повеќе од кога било досега и дека сега конечно се потребни опипливи подобрувања. Се гледа дека тоа е поддржано и од младите, од студентите, кои излегуваат на улица и бараат некои работи од политиката, истакна Плаколм.

Таа смета дека давањето статус на кандидат за членство во ЕУ на Украина било геополитичка одлука. – Јасно е дека ние, како Австрија, како Европска Унија, се обврзуваме да ја поддржиме Украина. Зашто тоа е една земја на европска почва нападната на 24 февруари 2022 година и зајакнатото приближување кон нашите европски принципи, кон нашите вредности, може да биде само корисно, рече Плаколм.

Сепак, според неа, дури и ако војната заврши наскоро, Украина нема да биде поподготвена од другите кандидати за да стане членка на Европската Унија.

– Тука Западниот Балкан е значително понапред од Украина, нагласи Плаколм, потенцирајќи дека „за некои земји“ пристапниот процес трае повеќе од 20 години.

Извор: МИА
Фото: Икс

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ